• Добродојдовте

    Ова е еден од подобрите блогови на Балканот на кои се пишуваат информации за Филмовите и пошироко. Овој блог го креира Марко Палоски заедно со серверот Word Press.Информациите на овој блог се проверено точни.Тука има слики , клипови , линкови , филмски новости , филмски занимливости кажано се околу филмот.Ако сактае можеме да си разменуваме банерчина.
  • a

  • Календар

    November 2009
    S M T W T F S
    « Jun    
    1234567
    891011121314
    15161718192021
    22232425262728
    2930  
  • …-Гледајте-…

    -Филмополис [Понеделник 22:30] -Грајфер[Недела 18:30,Вторник 15:30]
  • Пребарување

  • Жанрови

    -Авантура -Трилер -Трагедија -Хорор -Акција -Историски -Сериски -Документарен -Комедија -Цртан -Анимиран -SF -Музички -Драма -Европски -Македонски -Спортски -Романтика -Воен
  • U.S. Box Office

    [Sex and the City - $56.8M] [Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull - $215.6M] [Iron Man - $276.2M] [The Chronicles of Narnia: Prince Caspian - $115.4M] [ What Happens in Vegas - $65.9M]
  • Критики

    Ако имате некоја забелешка,критика позитивна или негативн слободно пишете на нашиот E-mail movies_filmovi@hotmail.com
  • Последни записи

  • Популарни постови

  • Статистика

    • 15,238 посети
  • Copyright © 2008

    Целата содржина на интернет блогот thebestmovies.wordpress.com може да се користи само за лично информирање. Превземање, користење или реемитување на содржините не е дозволено без писмена дозвола или договор.

„Бостонскиот давител“ ќе го снима Де Палма

Режисерот кој се прослави како автор на криминалистички филмови („Лице со лузна“, „Недопирливи“, „Карлитовиот начин“…) се подготвува за сличен проект. Можеби не е осуден вистинскиот убиец.

Брајан де Палма потпиша договор да режира филм за еден од најконтроверзните случаи во историјата на американското судство.

Сценариото ќе биде напишано според книгата „Бостонскиот давител: Јавна осуда на Алберт де Салво и вистинската приказна за 11 шокантни убиства“ од Сузан Кели. Станува збор за злосторства што се случиле во Бостон во 60-тите години од минатиот век.

Случајот предизвикува полемики до денес, бидејќи многу експерти изразуваат сомневање за одлуката на судот дека Де Салво е вистинскиот убиец.

Гласот на Хомер Симпсон вреди 400.000 долари од епизода

Во последниве четири години актерите кои ги зборуваат славните цртани ликови успеаја да добијат повеќе од тројно зголемување на платата. Без дилеми, апсолутно заслужено.

Што би биле „Симпсонови“ да ги нема неповторливите гласови на Хомер, Барт, Марџ и на Лиса? Значењето на луѓето, кои зборуваат во серијата е уште еднаш признаено вчера, со новиот финансиски договор, кој ќе им донесе по 400.000 долари за секоја епизода.

Преговарање во врска со висината на хонорарите е една од доминантните активности во Холивуд веќе една година, а „Симпсонови“ не се исклучок. Неколку месеци траеше натегањето меѓу компанијата „Фокс“ и актерите, што доведе до одложување на снимањата за есенскиот циклус. Откако тоа заврши незадоволните добија по 80.000 повеќе од епизода, а заради задоцнетиот почеток на продукцијата, новата сезона ќе има 20 наместо вообичаените 22 епизоди. Ден Кастеланета (фото), кој ги кажува репликите на Хомер, покрај досегашната работа ќе се приклучи и на тимот што го пишува сценариото.

Ова не е првпат екипата од „Симпсонови“ да се побуни против работодавачите од „Фокс“. Во 2004., кога добиваа по 125.000 долари од епизода се изборија за првото значајно покачување. Тие сметаат дека заслужуваат да бидат меѓу најплатените во својата бранша, кога серијата што ја направија светски бренд, денес вреди неколку милијарди долари.

Авторот Мет Гронинг, кој имињата на ликовите им ги даде според членовите на неговото семејство, првпат го прикажа својот проект пред телевизиската публика на 17 декември 1989 година. Тоа ги прави „Симпсонови“ најдолговечна анимирана серија во историјата на САД. Во минатото лето беше пуштена филмска верзија за Хомер, Барт и другите, која заработи 526 милиони долари.

Еди Марфи се спрема за 4-тото продолжение од Полицаецот од Беверли Хилс

Четвртото продолжение од филмот – Полицаецот од Беверли хилс, во кој Eddy Murphy повторно ќе настапи во улога на детектив од Детроит (Мичиген), ќе почне да се снома почетокот на 2009 година, пишува Variety.

Студиото Paramount Pictures ќе биде дистрибутер на новите авантури на детективот Axel Foley, кој доаѓа во квартот на славните во LA, монденско место во кое се живее опуштено.

Филмот во кината би требало да стигне во 2010 година.

Првиот дел од популарниот „Полицаец од Беверли Хилс”, каде младиот Murphy се прослави, излезе во 1984 година и заработи 316 милиони долари.

Следеа последователни три продолженија од кои што последниот беше снимен во 1994 година и заработија 713 милиони долари.

ДО КОСКА


Темата на филмот е е судирот на старата гарда чии усти се полни со чесност и наводни морални кодекси и од друга страна бездуховната млада генерација која не поседува ниту еден апсолутен принцип. Младите се подготвени да направат се за цел која не постои.

Режија:Бобан Скерлиќ
Улоги:Никола Којо, Небојша Глоговац, Бојана Маљевиќ и Лазар Ристовски.

МАЛАТА РИБА

Како да научиш повторно да љубиш кога болката од минатото не ти дозволува? Кога имаш 32 години проблематична историја и неизвесна иднина, тоа е прашање кое не е лесно да се одговори. А, за Трејси Харт тоа е прашање кое не може повеќе да го игнорира. По четири години на тргување со вода и издигнувајќи се себе си пред семејството, таа сака за себе да има свој бизнис. Но, нејзиниот сон наскоро ќе биде прекинат со луѓето од минатото и со барањата на иднината со неверојатни последици.

Режија:Роуан Вудс
Улоги:Кејт Бланшет, Мартин Хендерсон, Хуго Вивинг, Сем Нил и Дастин Нџајен.

ИРИС ЕФЕКТ

Приказната на филмот е сместена во Русија која е последната дестинација на една мајка од Лос Анџелес која патува таму за да го пронајде исчезнатиот син. Но, кога ќе пристигне во Санкт Петерсбург по десет години на потрага жената ќе открие некои мистериозни случувања како што всушност се наближува да ја открие вистината за тоа што му се  случило на синот.

Режија:Николаи Лебедев
Улоги:Ен Арчер, Кип Пардју, Агнес Брукнер, Миа Киршнер и Девон Алан.

Мистериозни касети – Dead air

Откачен диџеј го бара мистериозниот јавувач кој можеби е убиецот на неговата девојка.

Режија – Fred Walton

Главни улоги – Gregory Hines, Debra Farentino

Нов филм Тропска бура

Бен Стилер, Џек Блек и Роберт Дауни џуниор решиле да се пошегуваат со својата нова комедија.Ако е таков и филмот, дефинитивно, ќе вреди да се гледа.

Дури и оние што немаат голем респект за Филмските награди на Ем-ти-ви признаваат дека може да се најде во нив нешто интересно. Овој пат тоа е едно клипче, направено за да ја збогати програмата на доделувањето на наградите.

Се работи за пародија на претстојниот филм „Тропска молња“, во режија на Бен Стилер, кој толкува и една од главните улоги, покрај Џек Блек и Роберт Дауни џуниор (фото). Таму тие глумат актери кои снимаат филм за Виетнамската војна, но во еден момент режисерот се налутува и го остава среде вистинска војна. Премиерата е најавена за 15 август.

MTV награди 2008 (2)

Се разбира дека одговорните за свечената церемонија не можеа да направат ништо, бидејќи таа беше договорена многу порано, а пожарот изби непосредно пред почетокот. Сепак, ѕвездите се надишаа чад.

Филмските награди на Ем-ти-ви се одржаа во Лос Анџелес и покрај тоа што само неколку стотини метри од местото на церемонијата гореа студијата на Јуниверзал, и чадот влегуваше во салата. Главни победници на вечерта се „Трансформери“ со наградата за најдобар филм, и Џони Деп, кој си замина со две „златни пуканки“ – за најдобар актер во комедија и за најдобар негативец. Режисерот на „Трансформери“, Мајкл Беј, примајќи ја статуетката (ако може да се нарече така) рече дека е подготвен уште утре да го почне снимањето на вториот дел од филмот. Што се однесува до Деп, наградата за комична улога ја доби за ликот на пиратот Џек Спероу во „Пирати од Карибите: На крајот на светот“, додека негативец на годината е поради насловната улога во „Свини Тод: Демонскиот бербер од Флит стрит“. Со тоа барем малку му се реваншира Хавиер Бардем, кој пред само три месеца за ролјата во „Нема земја за стариот човек“ освои „оскар“, победувајќи го Деп.

Филмските награди на најпознатиот музички ТВ-канал ја немаат тежината на оние од Американската академија, но годинава се одржаа по 17-ти пат и веќе стекнуваат завидна репутација. За тоа зборува и списокот на познати гости, презентери и добитници. За најдобар актер е прогласен Вил Смит за улогата во „Јас сум легенда“, младата Елен Пејџ триумфираше во истата категорија меѓу жените за портретирањето на бремената тинејџерка во „Џуно“, а Зак Ефрон е награден за „пробив на годината“ („Спреј за коса“).

Во категориите специфични за Ем-ти-ви, добитници се Шон Ферис и Кен Џиганде за најдобра тепачка, во „Никогаш нема предавање“, Брајана Евиган и Роберт Хофман за најдобар бакнеж, во „Чекор кон улиците“, и „Железен човек“ за најдобар летен филм досега (што и да значи тоа). Признанието наречено „Ем-ти-ви генерација“, кое е еквивалет на наградите за животно дело, му припадна на Адам Сендлер.

Водител на церемонијата беше Мајк Маерс, кој за себе и за Вил Смит рече дека се однесувале како „макроа“, бидејќи го искористиле излегувањето на сцената да ги рекламираат своите нови филмови, а не да се осврнат на пожарот, во чиј пламен исчезнаа неколку од познатите филмски сетови, како и музејската поставка на „Кинг Конг“.

Џони Деп нагласи оти го изненадила наградата за најдобар комичар, бидејќи: „Прашајте било кого, и сите ќе ви кажат дека не сум многу забавна личност“, а Елен Пејџ се смета себеси за “среќна девојка што добила можност да го глуми извонредниот лик во ’Џуно’“.

Победниците на „Ем-ти-ви филм авордс“ се избираат со гласање на гледачите преку интернет, и резултатите им се познати на номинираните личности, со што делумно се објаснува отсуството на театрално изненадување, какво што секоја година гледаме на другите доделувања.

Главни музички атракции беа групите Колдплеј и Пусикет долс (фото), кои ги изведоа своите нови хитови „Violet Hill“, односно „When I Grow Up“.

За најголем губитник на вечерта се смета филмот „Суперлош“, кој не доби ниту една „пуканка“ иако беше номиниран во пет категории.

MTV награди 2008

Филмот “Трансформерс” ја однесе главната награда – „Златна пуканка“ на доделувањето на МТВ Филмските награди, кои се одржаа во неделата вечер во Калифорнија.

Блокбастерот за роботите е прогласен за најдобар филм, додека Џони Деп добил дури две златни кофички, за најдобар комичар (“Пиратите од Карибите 3″) и најдобриот злонамерник (“Sweeney Todd”).

Режисерите Мајкл Беј и ѕвездата на “Трансформерс” Меган Фокс и соопштија на публиката дека се припремаат за продолжението на филмот, чија работа ќе се одвива две години после првиот филм.

Церемонијата се одржа во Јуниверзал Сити, кој е скоро уништен од пожарот кој настанал во текот на викендот.
Учесниците и Лауреати цело време морале да брзаат, бидејќи на сцената им претел психотичниот убиец од филмот “Нема земја за старци”, во тој филм игра Хавиер Бардем.

Најдобрата женска улога ја оствари Елен Пејџ во филмот “Џуно”, најдобра машка улога – Вил Смит во “Јас сум легенда”, а најдобра борба помеѓу Шон Ферис и Кем Гигандет во филмот “Never back down”.

Брајан Евиган и Роберт Хофман го поделија најдобриот бакнеж во филмот “Фати го ритамот 2″, а за најдебитант е прогласен Зак Ефрон, за римејк филмот “Лак за коса”.

Иако е почеток на Јуни, обожавателите на MTV веќе го прогласија најдобриот летен филм до сега, а тоа е акциониот филм “Iron man” со Роберт Дауни Џуниор во главната улога.

Кучето луси доби награда “Palm dog”

Кучето Луси (Lucy), кое се појавува во филмот “Wendy and Lucy”, е прикажано во селекција на фестивалот во Кан и добила неофицијална награда Palm dog, која секоја година се доделува на кучињта актери.

Добитници на наградата – ланче од штрас со натпис Palm dog, го одбрало жирито составено од англосаксонски новинари.

Луси, која е мешавина од ловечко куче и ретривер, не била присутна на доделувањето на наградите, а во нејзино име ја примила режисерката Кели Рајхарт, која е воедно и сопственичка на Луси.

Кучето за тоа време било во својот дом  во Њу Јорк, пренесуваат агенциите.

Филмското студио Universal во пламен

universal studiosgolema.jpg

Голем пожар изби вчеравечер во комплексот на филмското студио Universal во Лос Анџелес. Пожарот зафатил поголем дел од студиото и дел од забавниот парк, уништувајќи и 40.000 до 50.000 филмски видео ленти.

За среќа од уништениот филмски материјал постои дупликат, но исто така се уништени и поголем дел од лажните улици на Њујорк и Нова Англија, како и познатата кула од филмскиот серијал “Враќање во иднината”.

За среќа пожарот е ставен под контрола.

Спајдер-мен 4

Почнаа подготовките за четвртото продолжение на човекот пајак, а продуцентите одлучија да го освежат со нов актер во главната улога. Наводно, истата судбина го чека и главниот женски лик.

Тоби Мегваер потпишал договор за три продолженија на Спајдермен, а откако во третиот дел доби лоши критики, почна да се шушка дека договорот нема да му биде обновен.

Наводно, шефовите на проектот фрлиле око на Патрик Фуџито (Almost Famous, Wristcutters) и Мајкл Ангарано (The Forbidden Kingdom) како можни наследници.

Спајдермен 4 се очекува во кината во 2010 година, а неизвесна е и судбината на Кирстен Данст како Мери Џејн во новото продолжение.