По купчето несреќи кои им се случија на каскадерите, повредите не ја заобиколија ни главната ѕвезда на филмот Даниел Крег, кој двапати заврши во болница.
На снимањето на Quantum Of Solace, Даниел Крег за две недели заврши двапати во болница. Неделава, актерот го пресече прстот, па поради обилното крварење со брза помош бил однесен до болница.
Една недела пред најновата повреда, Крег го исече лицето и заработи осум конци.
Се чини дека снимањето на Quantum е до толку малерозно, што некои почнаа да го нарекуваат “Проколнатиот Бонд”.
На снимањето во Италија двајца каскадери сериозно настрадаа, а во Панама Крег си ги наби ребрата.



