Гај Ричи ќе биде режисер на новиот филм за прославениот литературен детектив Шерлок Холмс, кој треба да се појави во кината во 2010 година, во продукција на Ворнер.
Според пишувањето на магазинот “Вараети”, Гај Ричи моментално го преработува сценариото на Тони Пекам. Деталите за заплетот на филмот засега се чуваат во тајност, но продуцентот Лајонел Виграм најави дека новиот Шерлок ќе биде склон кон авантурите и ќе се служи со своите боксерски и мечувалски способности.
Според замислата на гај Ричи, новиот Шерлок ќе биде современ, со повеќе смисла за хумор и помалку типично-британска намрштеност, но и понатаму ќе пуши луле.
Досега, повеќе актери го играа ликот од романот на сер Артур Конан на големото платно, а меѓу нив и Мајкл Кејн, Кристофер Ли и Питер Кушинг.



