Режисерот кој се прослави како автор на криминалистички филмови („Лице со лузна“, „Недопирливи“, „Карлитовиот начин“…) се подготвува за сличен проект. Можеби не е осуден вистинскиот убиец.
Брајан де Палма потпиша договор да режира филм за еден од најконтроверзните случаи во историјата на американското судство.
Сценариото ќе биде напишано според книгата „Бостонскиот давител: Јавна осуда на Алберт де Салво и вистинската приказна за 11 шокантни убиства“ од Сузан Кели. Станува збор за злосторства што се случиле во Бостон во 60-тите години од минатиот век.
Случајот предизвикува полемики до денес, бидејќи многу експерти изразуваат сомневање за одлуката на судот дека Де Салво е вистинскиот убиец.



