• Добродојдовте

    Ова е еден од подобрите блогови на Балканот на кои се пишуваат информации за Филмовите и пошироко. Овој блог го креира Марко Палоски заедно со серверот Word Press.Информациите на овој блог се проверено точни.Тука има слики , клипови , линкови , филмски новости , филмски занимливости кажано се околу филмот.Ако сактае можеме да си разменуваме банерчина.
  • a

  • Календар

    June 2008
    S M T W T F S
    « May    
    1234567
    891011121314
    15161718192021
    22232425262728
    2930  
  • …-Гледајте-…

    -Филмополис [Понеделник 22:30] -Грајфер[Недела 18:30,Вторник 15:30]
  • Пребарување

  • Жанрови

    -Авантура -Трилер -Трагедија -Хорор -Акција -Историски -Сериски -Документарен -Комедија -Цртан -Анимиран -SF -Музички -Драма -Европски -Македонски -Спортски -Романтика -Воен
  • U.S. Box Office

    [Sex and the City - $56.8M] [Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull - $215.6M] [Iron Man - $276.2M] [The Chronicles of Narnia: Prince Caspian - $115.4M] [ What Happens in Vegas - $65.9M]
  • Критики

    Ако имате некоја забелешка,критика позитивна или негативн слободно пишете на нашиот E-mail movies_filmovi@hotmail.com
  • Последни записи

  • Популарни постови

  • Статистика

    • 15,238 посети
  • Copyright © 2008

    Целата содржина на интернет блогот thebestmovies.wordpress.com може да се користи само за лично информирање. Превземање, користење или реемитување на содржините не е дозволено без писмена дозвола или договор.

Бред Пит и Анџелина Џоли купија замок за 70 милиони

Веројатно им здосади забрзаниот живот во Америка, па решија да се преселат во мирната француска провинција. А, голем имот таму е многу скапа играчка.

Анџелина Џоли и Бред Пит ќе платат 70 милиони долари за замок на Француската ривиера, каде сакаат да живеат со своите деца. Тие ја избраа палатата со 35 соби, откако претходно разгледаа повеќе од сто други имоти. Заедно со питорескното здание, во купопродажниот договор се вклучени лозје, јаз со вода, езеро и шума. Местото е толку изолирано, што двојката Бранџелина го виде при еден прелет со хеликоптер.

Замокот се вика Шато Миравал и се наоѓа покрај малото село Брињол, во областа Прованса. Славните актери се надеваат дека ќе може да се вселат до почетокот на август, за да го дочекаат во новата куќа раѓањето на своето петто и на шестото дете, односно на близнаците што треба да ги роди Анџелина до 19 август.

- Има езеро, базен, фонтани, полиња за јавање пони, и сето тоа е опкружено со голема шума, така што никој не ќе може да ги слика непоканет нив или децата. Двајцата се многу возбудени, бидејќи повеќе од една година бараа место на Ривиерата, и ова е токму она што им треба. За најмногу три месеци целосно ќе се преселат и таму ќе живеат постојано – вели еден нивен пријател.

Џоли реши близнаците да ги роди во Франција, како знак на почит за својата баба, Французинка, и за мајката Маршелин Бертран, која почина лани.

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.