Се враќа Еди Марфи, а на режисерското столче ќе седи Брет Ретнер, човекот што го направи „Бркотница“. Другото треба да се договори, иако сигурно ќе нема големи изненадувања.

„Роки“, „Рамбо“, „Умри машки“, „Индијана Џонс“. Сите овие популарни филмови од 80-тите години имаа четврто продолжение. Но, што е со „Полицаецот од Беверли Хилс“? Зошто не го добивме и него четври пат? Дали е тоа расизам?
Според пишувањето на весникот „Вараети“ нема причина за тешки зборови, бидејќи во Холивуд се подготвува проект, во кој Еди Марфи ќе го повтори уште еднаш ликот на Аксел Фоли. Марфи моментно го снима за „Парамаунт“ филмот „Nowhereland“, па најавите зборуваат дека со истото студио би го работел и „Полицаецот“.
Наводно понудата за режирање била испратена до неколку познати имиња, а на крајот е избран Брет Ретнер, зашто продуцентите сакаат да ја доловат атмосферата на „Бркотница“ („Rush Hour“). Инаку, сè уште нема сценарио и заплет, но не е тешко да се претпостави дека Аксел ќе истражува некој криминален случај на Беверли Хилс, и притоа ќе открие длабока лична врска (позитивна или негативна) со некој од ликовите. Веројатно ќе има и брзо зборување во огромни количества, како и судир на животните концепти меѓу Лос Анџелес и Детроит.
Оригиналникот „Полицаец од Беверли Хилс“ се појави во 1984 година и имаше вкупна заработувачка од 316 милиони долари. Ако се најавите прецизни, новото продолжение би почнало да се снима догодина, а пред публиката ќе пристигне во 2010.
Filed under: Нови филмови, Новости | Tagged: слика, текст



