Ревија на филмови на Антонио Митриќески

На 24, 25 и 26 април во Културниот центар Лоја во Тетово ќе бидат прикажат пет краткометражни играни и документарни филмови на Антонио Митриќески.
Станува збор за филмовите „Двобој“, „Ден“, „Време“, „Ехо“ и „Љубовта на Кочо Топенчаров“.

Ем македонско, ем кратко, ем слатко

Домот на армијата на Македонија продолжува со кино проекции. Од 25 април до 5 мај ќе имате можност да проследите интересна ревија на кратки македонски филмови насловена како Ем македонско, ем кратко, ем слатко.

На премиерата на “Forgetting Sarah Marshall”

Најновата, најоткачената и најсмешната комедија за оваа година ја доживеа својата премиера. Насловена е “Forgetting Sarah Marshall”, одлично котира на светските топ-листи и зад неа стои моментно најдобрата екипа во Холивуд. Што повеќе???

Моите ноќи од боровница

Филмот кој го отвори 60-тиот кански фестивал е дебитантскиот филм на одличната Нора Џонс. Тоа е приказна за љубовта и себе-пронаоѓањето. По бурниот прекин на својата врска со саканиот, Елизабет (Norah Jones) тргнува на пат низ Америка, оставајќи го зад себе стариот