Авионот што пренесува затвореници ќе се урне. Шерифот Сем Жерар ќе ја преживее несреќата и ќе успее да ги спаси другите со помош на еден од затворениците. Но, тој ќе побегне, а тимот на Жерар ќе тргне во потрага по бегалецот. Оригинален наслов: U.S. Marshals
Режија: Стјуарт Бард
Сценарио: Џон Пог
Улоги: Томи Ли Џонс, Весли Снајпс, Робер Дауни Јуниор
Година на производство: 1998
Оценка: 4,11/5Слободна зона
Ребека е млада жена, која штотуку ја раскинува свршувачката со своето момче. Очајна и под огромен емоционален стрес, таа ќе ја најми Хана да ја одведе во слободната зона во Јордан, каде треба да се сретне со мистериозниот Американец. Во нивното патешествие ќе им се придружи и Лејла.
Оригинален наслов: Free zone
Режија: Амос Хитаи
Сценарио: Амос Хитаи
Улоги: Натали Портман, Хана Ласло
Награди: Cannes Film Festival – 2005
Година на производство: 2005
Оценка: 5,00/5 |
Нескршливиот
Наслов на оригиналот: Unbreakable
Година на производство: 2000
Жанр: Акција, Драма, Трилер
Режија: M. Night Shyamalan, Larry Fulton
Улоги: Bruce Willis, Samuel L. Jackson, Robin Wright-Penn
Траење: 107 мин.
Оцена: 7,2/10 Дејвид Дан ќе преживее тешка несреќа со воз. Не само што ќе биде единствениот преживеан, туку нема да има никакви повреди. Писателот на стрипови Елајџа ќе стапи во контакт со него, тврдејќи дека тој е неговиот одраз во огледало. За разлика од нескршливиот Дејвид, Елајџа има кршливи коски како стакло. Дејвид ќе тргне во потрага да ја открие вистината. |
Детето
Наслов на оригиналот: The Kid
Година на производство: 2000
Жанр: Комедија, Драма, SF, Фамилиарен филм
Режија: Jon Turteltaub
Улоги: Bruce Willis, Spencer Breslin, Emily Mortimer
Траење: 101 мин.Рас Дуриц е богат менаџер во Лос Анџелес. Но, тој веќе има 40 години и полека станува отуѓен и нервозен и никако не може да се сети на своето детство. Една ноќ, во неговиот дом ќе провали едно 8-годишно дете. Рас ќе сфати дека детето е всушност, тој самиот. |
По секоја цена
Наслов на оригиналот: Whatever it takes
Година на производство: 2000
Жанр: Комедија, Драма, Романса
Режија: David Raynr
Улоги: Shane West, Marla Sokoloff, Jodi Lyn O’Keefe, James Franco, Christine Lakin
Траење: 92 мин.
Оцена: 5,1/10 Делумно базиран на делото “Сирано Де Бержерак”, филмот “По секоја цена“ е романтична комедија сместена во модерното време. Филмот ја раскажува приказната за непопуларниот тинејџер Рајан и популарниот шегаџија Крис кои ќе се здружат за да ги освојат срцата на нивните девојки од соништата. На тој пат безброј комични ситуации даваат свој печат на филмот. |
За љубов на играта
Наслов на оригиналот: For love of the game
Година на производство: 1999
Жанр: Драма, Романса, Адаптација, Спорт
Режија: Sam Raimi
Улоги: Kevin Costner, Kelly Preston
Траење: 137 мин.
Оцена: 6,1/10
Позната легенда во безболот ја завршува својата кариера на 40 годишна возраст и има последна шанса да се докаже што може да работи во животот и дали е во можност да го освои срцето на жената што ја сакал во последните четири години.
|
Летечки затвор
Оригинален наслов: Con Air Режија: Simon West
Сценарио: Scott Rosenberg
Улоги: Nicolas Cage, John Cusack, John Malkovich
Година на производство: 1997
Оцена: 6,4/10
Камерон По, познат и одликуван американски сојузен шериф е уапсен поради убиство од небрежност. По 8 години затвор, тој оди дома да ги види жената и детето со авионот што пренесува затвореници. Но, затворениците ќе се обидат да изведат спектакуларно бегство, а властите во Вашингтон ќе ја разгледаат можноста да го урнат авионот. Борбата со времето започнува. |
Незгодна жена
|

Темата на филмот е тешката одлука на една жена која живее во една патријархална средина во мало гратче на југот од Италија. Соочена со деликатната семејна ситуација и можните последици, таа покренува постапка против својот работодавец поради секслуално злоупотребување. Уривајќи го ѕидот на молкот и пасивноста во однос на неправдата која во целата средина е востановена, таа води жестока битка против предрасудите.
Режија: Sergio Martino
Улоги: Barbara D’Urso, Roberto Alpi |
Способниот ученик
Ученикот Тод Боуден станува опседнат со Хитлер и неговите следбеници по напуштањето на часот по историја. Преку многу истражувања дознава дека непопуларниот Курт Дусендер се крие и живее нормален живот во неговото блиско соседство. Но, место да го пријави Дусендер на властите, Тод одлучува да дознае повеќе, сето тоа што не го кажуваат историските книги. Но, на крајот кој кого ќе искористи? Филмот е базиран според делото на Стивен Кинг.Режија: Bryan Singer
Улоги: Ian McKellen, Brad Renfro, Joshua Jackson, Mickey Cottrell, Mickey Cottrell, Bruce Davison |
Имате пошта
|
Кејтлин Кели е сопственик на мала книжарница. Таа ќе се допишува по електронска пошта со еден маж. Наскоро ќе открие дека сопственикот на книжарницата што ќе го уништи нејзиниот бизнис е човекот со кој се допишувала и за кого имала чувства.
Оригинален наслов: You’ve Got Mail
Улоги: Tom Hanks, Meg Ryan, Parker Posey
Година на производство: 1998
Режија: Nora Ephorn
Оцена: 6,2/10
|
Играта
Познат богаташ добива многу чуден подарок од својот брат што одамна не го видел. Од тогаш започнуваат неговите кошмари. Оригинален наслов: The game
Режија-David Fincher
Главни улоги-Michael Douglas, Sean Penn |
Ерген
Џими е закоравен ерген. И покрај неговата долгогодишна врска со Ен, тој ја одложува свадбата. Ен ќе замине од градот, а Џим ќе дознае дека неговиот дедо му оставил 100 милиони долари во наследство, но под еден услов – да се ожени во рок од 24 часа.
Оригинален наслов: The Bachelor
Улоги: Chris O’Donnell, Renee Zellweger
Година на производство: 1999
Режија: Gary Sinyor
Оцена: 4,8/10 |
Љубовен напиток бр. 9
|

Во потрага по убавина, една неатрактивна двојка конзумира магичен напиток.
Режија: Dale Launer
Улоги: Tate Donovan, Sandra Bullock, Mary Mara, Dale Midkiff, Hillary Bailey Smith
|
Градски легенди
|

Во еден студентски град, студентите се убивани според ритуалот на градските легенди. Еден осамен студент мора да ја пронајде вистината. Инаку и самиот ќе стане уште една легендарна жртва.
Режија: Jamie Blanks, Michael McDonnell
Улоги: Jared Leto, Alicia Witt, Rebecca Gayheart, Michael Rosenbaum, Loretta Devine
|
Градски легенди 2
|

Ејми конкурира со својот филм за градските легенди. Таа е фаворит за првото место. Одеднаш се случуваат бизарни убиства. Дали станува збор за психопат убиец или студент кој се обидува да ја елиминира конкуренцијата ?
Режија: John Ottman
Улоги: Jennifer Morrison, Matthew Davis, Hart Bochner, Joseph Lawrence, Anson Mount
|
Стоп! Или мајка ми ќе пука
Мајката на детективот Џои доаѓа да го посети, и се обидува да му го среди животот. За неговиот роденден му купува оружје и продолжува да му се меша во неговата работа и неговиот љубовен живот. Сепак, му помага да го реши случајот на кој работи.Оригинален наслов: Stop! Or my mom will shoot
Режија-Roger Spottiswoode
Главни улоги-Sylvester Stallone, Estele GettyГодина на производство: 1992 |
Лице со лузна
|

Римејк на класикот од 1932 година, оваа верзија го следи животот на бегалецот од Куба, Тони Монтана и неговиот близок пријатал Мени Реј кои заедно ќе изградат силно царство на дрогата во Мајами. Секако дека Монтана ќе мора да се соочи со сите тешкотии што ги носи овој тип на бизнис. Како што започнува да расте моќта на Монтана, расте и неговото его и паранојата. Оригинален наслов – Scarface
Режија-Brian De Palma
Главни улоги-Al Pacino, Michele Pfeiffer
Година на производство – 1983 |
Нашата приказна
Дали љубовта може да потрае и да ја надмине брачната криза? По 15 години брак, Бен и Кејти се соочуват брачната криза. Низ нивните разговори се потсетуваа на почетокот на својата врска.Оригинален наслов: Story of us
Режија: Rob Reiner
Улоги: Bruce Willis, Michele Pfeiffer
Година на производство: 1999
Оцена: 4,53/5 |
XX/XY
|

Филмот е приказна за група на млади уметници Колс и две девојки со име Сара. Тие една вечер се сретнуваат со Лоренс, Сем и Теа и зборуваат за дивата страна на сексуалната страст и експериментираат со пијачките. Како пријатели, а понекогаш и како двојки и љубовници тие ја одржуваат врската која ќе заврши драматично. Една деценија подоцна врските повторно се родени, а страста и желбата повторно се појавуваат.
Режија: Austin Chick
Улоги: Mark Ruffalo, Maya Stange, Kathleen Robertson, Kel O’Neill, Ben Tolpin |
Во добро друштво
|

Ден Форман ќе се соочи со сериозна криза. Списанието во кое работи како директор ќе биде купено од друга компанија, а тој ќе биде деградиран на работното место. Неговиот нов шеф ќе се вљуби во неговата ќерка. Ден ќе се најде пред дилема како да реагира.
Наслов на оригиналот: In good company
Година на производство: 2004
Жанр: Комедија, Драма, Романса
Режија: Paul Weitz
Улоги: Dennis Quaid, Topher Grace, Scarlett Johansson
Траење: 109 мин.
Оцена: 7,0/10
|
Ден за обука
|

Постои само еден начин да се преживее на улицата – да се прекршат сите правила. Џејк е полицаец, којшто тукушто почнува со работа, а негов партнер е искусниот и корумпиран Алонзо Харис. Џејк ќе дознае дека сето она што го учел на академијата нема да важи во реалниот суров свет.
Наслов на оригиналот: Training day
Година на производство: 2001
Жанр: Криминалитички, Драма, Трилер
Режија: Antoine Fuqua
Улоги: Denzel Washington, Ethan Hawke, Tom Berenger
Траење: 120 мин.
Оцена: 7,4/10
|
Убавица на задача
Режија: Доналд Петри
Сценарио: Кејти Форд Улоги: Сандра Булок, Вилијам Шетнер, Мајкл КејнГодина на производство: 2000ФБИ ќе открие дека криминалци сакаат да ја убијат новата Мис Америка. Грејси Харт е специјален агент, која што ќе биде принудена да прифати улога на кандидатка за да може да го разоткрие заговорот. Единствен проблем е што Грејси е многу несмасна. |
Вистински жени 1 дел
|

Филмот е базиран според истоименото дело на Џенис Вудс Виндл. Приказната започнува со младата Јуфимија Ешби и младата Џорџија Јоши кои си играат кога одеднаш ќе помине еден јавач. Кога ќе се вратат во куќата ќе дознаат дека јавачот им кажал на родителите на Џорџија дека таткото на Јуфимија починал. Затоа зетот на Јуфимија доаѓа во Тексас да ја земе да живее со нејзината сестра Сара.
Режија: Karen Arthur
Улоги: Dana Delany, Annabeth Gish, Angelina Jolie, Tina Majorino, Rachael Leigh Cook, Michael York |
Г-дин и г-ѓа Смит
|

Живеејќи еден покрај друг во идиличен брак, веќе 6 години, Џон и Џејн не ни сонуваат дека и на обајцата вистинската професија им е платен убиец, се додека еден ден не добијат наредба за ново убиство. А целта е непозната и за двајцата.
Режисер: Doug Liman
Актери: Brad Pitt, Angelina Jolie, Adam Brody |
Боуфингер
|

Боби Боуфингер е човек-катастрофа. Тој е холивудски продуцент и режисер или подобро кажано тој е најнеуспешниот продуцент и режисер што некогаш се појавил во Холивуд. И како таков подготвува нов филм и тоа со најмал буџет на светот. Замислил главната улога да ја игра најголемата холивудска ѕвезда, Кит Ремзи, ѕвезда која снима само високобуџетни филмови. Но, Боби Боуфингер не е само најлош режисер туку и најголемиот измамник во Холивуд.
Режисер: Frank Oz
Актери: Steve Martin,Eddie Murphy, Heather Graham
Сценарио: Steve Martin |
Подземен оган

Режија: Феликс Енрикез Алкала
Сценарио: Џеб СтјуартУлоги: Стивен Сигал, Марџ Хелгенберг, Крис КристоферсонЏек Тајгерт е специјален федерален агент, кој ќе дојде во едно мало гратче за да ги истражи наводите за истурање на токсични материи во реката. Тој ќе се соочи со локалниот моќник и со корумпираните полицајци. Во неговата истрага ќе му помогне локалното население. |
Писмо до претседателот
Режија: Ерик Чампнела
Сценарио: Ерик Чампнела Семејна комедија во која едно 13-годишно момче случајно ќе оствари контакт со претседателот на САД преку Интернет. Момчето ќе почне да му дава совети на претседателот и ќе му помогне повторно да биде избран. |
Продадена невиност
Режија: Пјер Ганг
Сценарио: Џон Мофат Улоги: Сара Линд, Мими Роџерс, Тамара ХоупГодина на производство: 2005Сонот на Миа Симсон да стане манекенка ќе се оствари преку ноќ. Еден фотограф ќе и понуди работа, а нејзините слики ќе се најдат на еден сајт на Интернет. Навидум професионалниот фотограф ќе ја измами и ќе ја понуди на оној што најмногу ќе даде за неа. Сонот преоѓа во кошмар.
|
Кралеви на зелените пространства

Режија: Џон Вудс
Улоги: Стивен Дилејн, Ешли Дејвис, Дејвид НгумбуџараЖанр: драмаФилмот е сниман според романот на Мери Дурак за авантурите на семејството Дурак, кон крајот на 19-от век. Овој филм ни ја раскажува приказната за ирските доселеници кои си ја оставиле татковината поради сушата и гладта, во потрага по нормален живот во Австралија. Тие ја оставиле Ирска во времето на големиот глад, земјата им ја одзеле Британците, но иронијата е што овде, во Австралија, ирците биле тие што им ја одземале земјата на староседелците. |
Дамата исчезнува
Режија: Алфред Хичкок Улоги: Маргарет Локвуд, Мајкл РедгрејвВо еден воз патуваат низ Европа една млада дама и дама во години. Младата дама наскоро ќе свати дека постарата дама мистериозно исчезнала од возот…
Филмот е добитник на наградата на Њујоршките филмски критичари за најдобра режија. |
Убоди на животот
|
Проучувајќи го однесувањето на младежите, Лелаина најдобрата студентка на факултет решава да сними документарец за животот по завршување со студиите. Во главните улоги се Вики и Семи. Вики е менаџер кого го загрижуваат резултатите од тестирањето на сида на кој и самиот беше подложен. Истовремено, Семи има проблем со сопствената сексуалност. Овде е и Трој, нејзиниот најдобар пријател кој е невработен. По завршување на снимањето Лелаина го запознава Мајкл, човекот од видео браншата кој се обидува да го потурне нејзиниот филм. Но, тоа е само почеток на проблемите со кои се соочува Лелаина.
Режија-Ben Stiller
Главни улоги-Winona Ryder, Ethan Hawke, Janeane Garofalo
Оригинален наслов – Reality bites
|
Ејс Вентура 2
Наоѓајќи се во ашрам во Тибет и барајќи духовна надградба поради губењето на животот на едно животно, Ејс ќе биде повикан да ја оствари најголемата задача во својата кариера. Тој заминува на авантура во Африка со мајмунчето Спајк. По барање на англискиот кознул во Бонаи провинцијата тој треба да го пронајде древното животно Шикака за да не започне војна меѓу племињата.Режија: Steve Oedekerk
Улоги: Jim Carrey, Ian McNeice, Simon Callow, Maynard Eziashi, Bob Gunton |
Денот на татковците
Неповторливиот тандем Робин Вилијамс и Били Кристал се во улога на двајца збунети мажи – жената со која биле на обајцата ќе им каже дека се татковци на нејзиниот син. Кој е вистинскиот татко?
Режија: Иван Рајтман
Сценарио: Ловел Ганц
Улоги: Робин Вилијамс, Били Кристал, Настасја Кински
Година на производство: 1997 |
Пацифик Хајтс
Една двојка е тероризирана од човек кој ќе се всели во нивните апартмани.Режија: John Schlesinger
Улоги: Melanie Griffith, Matthew Modine, Michael Keaton, Mako, Nobu McCarthy |
Ејс Вентура
Ејс Вентура е неконвенционален детектив кој е специјилизиран за пронаоѓање на изгубените миленици. Кога ќе биде задолжен да ја пронајде изгубената маскота на тимот Мајами Долфинс, делфинот со име Сноуфлејк, Ејс ќе се соочи со киднаперите кои исто така го имаат киднапирано ѕвездата на тимот, квотербекот.Режија: Tom Shadyac
Улоги: Jim Carrey, Courteney Cox, Sean Young, Tone Loc, Dan Marino |
Војна за нафта
|
Во компанијата “Дилејни&Стронг“, на Вол Стрит, работата оди лошо и главниот играч Том се обидува да привлече млади дипломирани економисти од Харвард, а истовремено се мачи со плаќање на алиментација на својата поранешна жена. Ја убедува младата Аби да се вработи во компанијата. Додека таа се прилагодува на новата работна средина, Том прави проценка за преземање на рускиот нафтен гигант Блек стар. Човекот што го водел бизнисот е убиен, а беше стар пријател на Том.
Режија-Harvey Kahn
Главни улоги-Christian Slater, Selma Blair, Robert Loggia
|
Траги од кармин
Приказна за двајца полициски детективи кои навлегуваат во мистерија во која што никој па ниту детективите не се под сомневање.Режија: Andy Wolk Улоги: James Belushi, Lorraine Bracco, Tony Goldwyn, William Russ, Faye Grant |
Пантер
Приказната на филмот е сместена за време на 60-тите години од минатиот век во областа на Сан Франциско Беј кога е формирано здружнието на Црни Пантери како одбрана на црнечкото население од насилствата и репресијата на полицијата. Џаџ е ветеран од Виетнам и се враќа дома во Оукленд каде Хју Њутон и Боби Сил се лидери на Црни Пантери. Земен под водството на Хју и баран од полцијата да биде нивен информатор за случувањата во здружението, Џаџ ќе предизивика сомневање кај пантерот Тајрон. Појавувањето на кокаинот во некои делови на градот ќе го донесе и ФБИ кои доаѓаат да ги неутрализираат црнечкото општество и неговите лидери.Режија: Mario Van Peebles
Улоги: Kadeem Hardison, Bokeem Woodbine, Joe Don Baker, Courtney B. Vance, Tyrin Turner |
Пакт со ѓаволот
Филмот е модерна верзија на оригиналот на Оскар Вајлд, Сликата на Доријан Греј и говори за машкиот супер модел Доријан кој има се што мажот може да посака: слава, богатство и голем број на прекрасни жени. Но, кога ќе почне да се грижи за својот изглед во постари години, неговиот мистериозен агент му ја нуди како подарок вечната младост. За жал оваа несекојдневна понуда ќе го чини Доријан неговата душа.
Режија: Allan A. GoldsteinУлоги: Ethan Erickson, Malcolm McDowell, Jennifer Nitsch, Hristoph Waltz |
Потрага
|

Лекси е богата и млада тинејџерка, којашто сиот свој живот го минала во раскош и богатство. Таа работи за училишниот весник како фотограф, но кога ќе слика еден од професорите, тој мистериозно ќе исчезне. Лекси ќе се нафати да открие што се случило.
Оригинален наслов: Get a clue
Режија: Меги Гринволд
Сценарио: Алана Санко
Улоги: Линдзи Лохан, Баг Хол
Година на производство: 2002 |
Осамениот Џим
Џим ќе падне во тешка финансиска ситуација и ќе биде принуден да се врати во родното гратче, кај родителите. Тој нема да сака да им помогне на своите родители сe додека неговиот брат не падне во кома. Џим ќе биде принуден да работи во фабриката на неговите родители, но ќе открие дека неговиот чичко тајно шверцува дрога.
Оригинален наслов: Lonesome Jim
Режија: Стив Бушеми
Сценарио: Џејмс Строус
Улоги: Кејси Афлек, Кевин Кориган
Година на производство: 2005
|
Луда куќа
Алекс Роуз и Ненси Кендрик се млад и успешен пар од Њујорк кој живее прилично добар живот. Тие се млади, успешни и вљубени. Им фали само дом од соништата. Кога најпосле ќе го најдат, се е совршено освен едно нешто – г-ѓа Конели, мрзоволната сарица која живее на истиот кат. Имајќи предвид дека е стара и болна, Алекс и Ненси ќе го купат и ќе зажалат. Г-ѓа Конели има повеќе енергија и од нив.
- Оригинален наслов:Duplex
- Жанр: комедија
- Улоги:Ben Stiller, Drew Barrymore,Eileen Essel, Harvey Fierstein, Michelle Krusiec, Robert Wisdom, Swoosie Kurtz
- Режија:Danny De Vito
- Траење:97′
- Година на издавање:2003
|
Контакт
Романтична драма за две сосема различни личности кои случајно ќе се сретнат и ќе се зближат. Девојката има душевни проблеми, а момчето е ладно и рамнодушно, но тие ќе развијат една посебна комуникација која на чуден начин ќе ги направи неразделни.
Жанр: романтична драма, комедија
Улоги: Никола Којо, Лабина Митевска, Бедија Беговска
Режија: Сергеј Станојковски
|
Дуети
Извонредно духовита комедија за смешниот свет на караокето. Во Омаха се одржува натпревар за пеење во караоке, а една група составена од најразлични членови ќе се упати со цел да ја освои наградата.Оригинален наслов: Duets
Режија: Bruce Paltrow, Jack Gill
Улоги: Gwyneth Paltrow, Maria Bello, Scott Speedman, Andre Braugher, Paul Giamatti
Година на производство: 2000 |
Плетач
Наоѓајќи се на патрола на отворен пат во Калифорнија полицаецот Едвард Молс ја зема изгубената кукла за да ја врати на едно девојче. Но, одеднаш камион ќе го смачка автомобилот во кој се наоѓаат мајката и ќерката и полицаецот цело време се измачува со сликите кои ќе почнат да го прогонуваат. Но, доаѓаат посреќни денови за него кога ќе се појави поранешната свршеница Вилоу која бара од него да ја пронајде изгубената ќерка. Но, при доаѓањето во изолираното место каде што Вилоу живее тој ќе се соочи со паганскиот фестивал Ден на смртта и повторното раѓање. Со тоа Едвард влегува во мрежата на древните традиции и убиствените мистерии. Како што се приближува кон решението така полека влегува во светот на Плетачот.
Режија: Neil LaBute
Улоги: Nicolas Cage, Ellen Burstyn, Kate Beahan, Frances Conroy, Molly Parker
Оригинален наслов: The Wicker man
|
Моја Африка
Карен Бликсен, жена од Данска, се мажи за пријател само поради неговата титула барон и тие се преселуваат во Африка и започнуваат да работат со плантажи за кафе. Работите се менуваат кога нејзиниот сопруг ќе почне да ја мами. Поради работата, често е отсутен од дома и Карен е постојано сама, работејќи на фармата, заедно со двајца мажи што ги познава од првиот ден од нејзиното доаѓање во Африка. Таа се вљубува во еден од нив. Режија- Sydney Pollack Главни улоги-Meryl Streep, Robert Redford, Klaus Maria Brandauer Оригинален наслов - Out of Africa Година на производство: 1985 |
Во ноќта
Животот на Ед Окин е надвор од контрола. Не може да спие, неговата жена го мами, а работата му е досадна. Една ноќ вози низ улиците на Лос Ангелес и конечно завршува на еден паркинг на аеродромот. Неколку минути потоа една млада дама влегува во неговата кола. Подоцна сфаќа дека неа ја бркаат четворица Иранци. Следува бркотница низ улиците на Л.А.
Режија-John Landis
Главни улоги-Jeff Goldblum, Michelle Pfeiffer
Оригинален наслов – Into the night
Година на производство – 1985
|
16 блока
Еден проблематичен полициски офицер од Њујорк е присилен да биде среќен, но исто така и да стане сведок 16 блока подоле од полициската станица, иако никој не сака полициската двојка да успее.
Режија: Richard Donner
Улоги: Bruce Willis, Mos Def, David Morse, Jenna Stern, Casey Sander, Cylk Cozart
Оригинален наслов: 16 blocks
|
Напад на полициската станица 13
Оригинален наслов: Assault on Precinct 13
Режија: Jean-Francois Richet
Улоги: Ethan Hawke, Lawrence Fishburne, John Leguizamo, Brian Dennehy, Gabriel Byrne, Ja Rule, Maria Bello
Година на производство: 2005 Римејк на легендарниот филм на Џон Карпентер. Група полицајци од станицата број 13 ќе мора да се здружи со криминалците во нивните затвори за да го одбие нападот на мафијата. |
Големиот татко
Оригинален наслов: Big Daddy
Режија: Dennis Dugan
Сценарио: Steve Franks
Улоги: Adam Sandler, Joey Lauren Adams, Jon Stewart, Cole Sprouse, Dylan Sprouse, Josh Mostel
Година на производство: 1999
Сони е дипломиран правник, којшто е мрзелив, неуреден и неодговорен. Неговата девојка ќе го напушти. За да ја врати, тој ќе се согласи да го чува синот на својот цимер. Кога ќе дојде моментот да го врати, тој ќе се премисли. Урнебесна комедија со извонредниот Адам Сендлер. |
Остин Пауерс: шпионот што ме растресе
Оригинален наслов: Austin Powers: The Spy Who Shagged Me
Режија: Jay Roach
Улоги: Mike Myers, Heather Graham, Michael York, Robert Wagner, Rob Lowe
Година на производство: 1999
Доктор Злобен се врати. Тој ќе конструира временска машина за да се врати во минатото и да ја украде душата на Остин. Остин ќе мора да се врати во минатото за да си ја поврати енергијата. |
Пејач на свадби
Оригинален наслов: The Wedding Singer
Режија: Frank Coraci
Сценарио: Tim Herlihy
Улоги: Adam Sandler, Drew Barrymore, Christine Taylor, Angela Featherstone, Matthew Glave
Година на производство: 1998
Роби Харт е младо момче кое живее во подрумот на сестра му и пее на свадби. Неговите соништа да стане познат пејач одамна згаснаа и неговата единствена желба сега му е да се ожени. Проблемот е што ниту една жена не сака да го земе. |
Што да се каже за среќата
Група на луѓе живеат одвоени животи, несвесни за врските кои меѓусебно ги поврзуваат и кои ќе ги доведат заедно. Адвокат кој станува бегалец по една несреќа од која ќе побегне, порофесор по математика чија сопруга е жртва на грабеж, менаџер на една осигурителна компанија кој има проблеми со неговата поранешна сопруга и синот деликвент и млада жена која се опоравува по несреќата.
Режија: Jill Sprecher
Улоги: Matthew McConaughey, John Turturro, Clea DuVall, Amy Irving, David Connolly |
Превртено
“Превртено” е приказна за генерацијата родена во комунизмот а сведок на раѓањето на новиот суров капитализам. Снимен според вториот дел од романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски, овој филм е приказна за младиот бунтовник Јан Лудвик кој се обидува да остане индивидуалец одбивајќи ги принципите на толпата. Бегајќи од глобализацијата и обидувајќи се да го сочува вистинското во љубовта тој одлучува да го живее животот по работ. Главните улоги ги имаат одличните Милан Тоциновски и Сања Трајковиќ, а во другите се јавуваат Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Инес Бојаниќ, Јордан Симонов, Елена Серафимович, Јовица Михајловиќ, Марија Кондовска и Ѓорѓи Јолевски. Продуценти на филмот се Владимир Анастасов и Игор Александер Нола, а копродуцент е Милко Јосифов. Кинематографер е Томи Салковски, сценариото е на Венко Андоновски и Игор Иванов, монтажата на Игор Андреевски, а музиката на Зоран Спасовски. Сценографијата е на Игор Тошевски, а костимите ги работеше Бланка Будак. Филмот финансиски е поддржан од Министерствата за култура на Република Македонија, Република Хрватска и Република Србија, како и од Македонската телевизија и Global Film Initiative. „Превртено“ се снимаше во периодот од ноември 2005 година до мај 2006 година на локации во Скопје, а постпродукцијата се работеше во Будимпешта, Виена и Загреб. |
Сродни туѓинци
На мисија да ги пронајде своите биолошки родители, еден ранет професионалец ќе се соочи со вистината дека двојката која всушност го зачнала не се баш луѓе од високата класа.
Режија: Greg Glienna
Улоги: Danny DeVito, Kathy Bates, Ron Livingston, Neve Campbell, Beverly D’Angelo, Christine Baranski, Edward Herrmann |
Љубовта е моќна
Давид и Џулија се сретнуваат во судница на својата бракоразводна парница. Нивната средба и конфронтација отвораат една неочекувана димензија во рамките на гротескната слика на секојдневната приказна која е полна со имагинарни произволности вон рамките на реалноста.
Режија: Alberto Taraglio
Улоги: Claudia Gerini , Claudio Santamaria, Cristiano Callegaro, Claudio Contartese, Nanni Coppola
|
Тешка мета
Наташа Биндер доаѓа во Њу Орлеанс во потрага по својот татко, кој исчезнал. Во меѓувреме запознава еден многу тежок човек по име Ченс. Тој и помага да открие дека нејзиниот татко бил убиен од организација што лови човечки плен. Тие тргнуваат во потрага да ги разоткријат.
Оригинален наслов: Hard target
Режија-John Voo
Главни улоги-Jean Clod Van Dame, Chuk Farrer
Година на производство-1993
|
Доказ за живот
Инженерот Питер Бауман ќе биде киднапиран од бунтовниците во Јужна Америка. Неговата жена Алис ќе побара помош од професионалниот преговарач Тери Торн, кој ќе и помогне да се справи со киднаперите. Филмот е базиран на вистински настан.
Оригинален наслов: Proof of life
Жанр: акција, трилер, драма
Улоги: Meg Ryan, Russell Crowe, David Morse, Pamela Reed, David Caruso
Режија: Taylor Hackford, Gary Davis
Година на производство: 2000
|
Далеку од очите
Еден ограбувач бега од затвор со помош на негов другар и заведува жена која, всушност, е американски маршал. Таа ќе биде назначена да го води случајот, па планира да го киднапира за да го спаси од повторно одење во затвор бидејќи ќе се вљуби во него. Но, тој се двоуми дали да ги занемари своите чувства кон неа или пак да се впушти во влканиот бизнис кој ќе му донесе многу пари.
Оригинален наслов - Out of sight
Режија – Steven Soderbergh
Главни улоги – Jennifer Lopez, George Clooney
|
Потстанарка
Архитектот Њутон Давис изгради куќа од соништата и има намера како венчален подарок да го дарува на својата долгогодишна девојка Беки. Но, таа го одбива. Три месеци подоцна, на некој прием Њутон ја запознава келнерката Гвен и ја поминува ноќта со неа. Таа е многу чудна бидејќи секогаш нешто измислува за себе и својот живот, но набрзо произлегува дека таа не е тоа што се прикажува. Гвен се сели во куќата што Њутон ја изградил за Беки. Во близина живеат родителите на Њутон, Една и Џорџ. Њутон доаѓа во куќата за викенд и се вчудоневидува кога ќе забележи дека Гвен станала домаќинка.
Оригинален наслов: Housesitter
Режија-Frank Oz
Главни улоги-Steve Martin, Goldie Hawn, Dana Delany
|
Средношколски мјузикл
Тони и Габриела се тинејџери, коишто се многу различни. Тие сосема случајно ќе настапат на едно караоке шоу и ќе ја освојат публиката. Потоа ќе се разделат, мислејќи дека никогаш повторно нема да се видат. Но, наскоро тие повторно ќе се најдат во истото средно училиште и ќе се борат за главните улоги во мјузиклот. Филмот е добитник на две Еми награди.Оригинален наслов: High school musicalРежија: Kenny Ortega Улоги: Zac Efron, Vanessa Anne Hudgens, Ashley Tisdale, Lucas GrabeelНагради: ALMA Awards, Emmy Awards
Година на производство: 2006 |
Измама
Лучија е млада Сицилијанка која влегува во светот на филмот и се чини дека пред неа се наоѓа кариера која ветува. Меѓутоа, набрзо почнува да ја мачи вистинската вредност на нејзиниот скорешен успех. Поттикната од краткотрајните средби со еден бездомник кој ја советува да направи нешто големо од својот живот, таа почнува да работи и како волонтер. Трагичната смрт на една актерка, неволјите во нејзиното семејство и примерот на младата чесна сестра ќе и ги отворат очите на Лучија и таа ќе ја согледа измамата во магичниот свет на филмот.
Режија: Rossella Izzo
Улоги: Alessio Di Clemente, Melanie Gerren, Paolo Briguglia |
Кројачот од Панама
Еден британски шпион ќе биде испратен на мисија во Панама по казна. Таму ќе запознае еден кројач со добри врски со политичарите и локалната мафија. Тој ќе го врбува кројачот за да дознае какви се плановите на претседателот во врска со иднината на Панамскиот канал.Режија: John BoormanУлоги: Pierce Brosnan, Geoffrey Rush, Jamie Lee Curtis, Leonor VarelaГодина на производство: 2001Оригинален наслов: The tailor of Panama |
Чувство на вина
Алис и Хауард Гудвин доаѓаат во руралниот Висконсин и се пречекани со сомнеж од страна на повеќето свои соседи. Двојката сепак ќе станат пријатели со Тереса и Ден Колинс. И двете двојки многу често ги чуваат меѓусебно своите деца. Но, трагедијата ќе се случи еден ден кога Алис која случајно ќе биде оттргната ќе открие дека ќерката на Тереса се удавила во барата близу нивната куќа. Тагата на Алис е преголема, но тогаш и едно момче од соседството ќе ја обвини за сексуална злоупотреба. Ќе биде затворена, а нејзиниот сопург нема да може да ја плати кауцијата. Таа останува со својата тага додека нејзиниот сопруг и Тереса мораат да го пронајдат својот мир.
Оригинален наслов: A Map of the World
Режија: Scott Elliott
Улоги: Julianne Moore, Sigourney Weaver, Arliss Howard, David Strathairn, Chloe Sevigny
Година на производство: 1999
|
Дијаболик
Никол и Миа се две многу различни жени, но имаат нешто заедничко. И двете имаат врска со Гај Баран, но и на двете им е преку глава од неговата доминација во нивните животи. Никол е љубовницата на Гај. Секси и самоуверена таа била привлечена од магнетизмот на Гај, но подоцна разочарана од лагите и себичноста на Гај. Миа е сопругата на Гај. Поранешна чесна сестра со слабо срце, таа е скоро на работ од самоубиство поради честите неверства на сопругот, константното понижување кое го има кон неа и арогантните сексуални побарувања. Еден ден Никол и Миа решаваат еднаш засекогаш да се ослободат од неговото садистичко однесување.
Оригинален наслов: Diabolique
Режија: Jeremiah Chechik
Улоги: Sharon Stone, Isabelle Adjani, Chazz Palminteri, Kathy Bates, Spalding Gray
Година на производство: 1996
|
Одмазници
Џон Стид и Ема Пил се шпиони кои работат за одделот на британската Влада наречен Министри. Повикани се да истражуваат за Просперо, проект со кој треба да се уценува Велика Британија преку временските услови. Ема Пил е под сомнение дека и таа е инволвирана, но ќе се открие дека има двојник кој работи за лошиот Сер Аугуст де Винтер. Тој се заканува дека ќе ја замрзне Велика Британија преку млаз од Трафалгар плоштадот.
Оригинален наслов: The Avengers
Режија: Jeremiah Chechik, Vic Armstrong, Arthur Wooster
Улоги: Ralph Fiennes, Uma Thurman, Sean Connery, Jim Broadbent, Fiona Shaw
Година на производство: 1998
|
Мрежата
Анџела Бенет е специјалист за софтвер и компјутери. По долги години, таа ќе земе одмор, но одморот ќе се претвори во кошмар, бидејќи таа ќе биде вовлечена во еден заговор. Нејзиното минато и нејзиниот идентитет ќе бидат избришани.
Оригинален наслов: The net
Режија: Irwin Winkler, Buddy Van Horn
Улоги: Sandra Bullock, Jeremy Northam, Dennis Miller, Diane Baker, Wendy Gazelle
Година на производство: 1995
|
Почудно од фикција
Будејќи се едно утро Харолд Крик започнува да слуша женски гласови како наративно го следат секој негов чекор. Дотогашниот добро контролиран живот се претвора во кошмар па преку нарацијата тој дознава за сопствената смрт и сака да го смени крајот на приказната. Женскиот глас е всушност гласот на писателката Карен Кеј Ајфел која треба да ја напише најдобрата книга во својата кариера. Единствениот предизвик е како да го убие главниот карактер, но таа воопшто не знае дека Харолд Крик е супер и е свесен за нејзините намери кон него.
Оригинален наслов: Stranger than Fiction
Улоги: Will Ferrell, Maggie Gyllenhaal, Dustin Hoffman, Queen Latifah, Emma Thompson, Tony Hale, Kristin Chenoweth, Tom Hulce, Linda Hunt, Helen Young
Режија: Marc Forster
Траење: 114′
Година на издавање: 2006
|
Антони Зимер
Во Париз, интернационалните полициски сили и руската мафија го бркаат Антони Зимер, интелигентен човек одговорен за перењето на валкани пари во Франција. Зимер имал палстична операција и неговото лице и глас сега се непознати. Единствениот начин да се стигне до Зимер е преку неговата сакана љубовница Кјара, која ја надгледува полицијата и мафијата. Додека патува со воз за Ница, обичниот човек Франсоа Таиландие, кој е сличен во обликот на Зимер ќе и послужи на Кјара да ги измами тие што ја прогонуваат. Кога Таиландие ќе го брка руската мафија тој ќе и се обрати на француската полиција.Режија: Jérome Salle
Улоги: Sophie Marceau, Yvan Attal, Sami Frey, Gilles Lellouche, Nicky Marbot, Yann de Monterno |
Осамени во темнината
Постои свет околу нас кој не го гледаме, или не сакаме да го видиме. Како дете Едвард Карнби ќе се увери во постоењето на тој свет. Оттогаш тој не спие како што треба. Сега, 20 години подоцна тој станува трагач за паранормалното. Најголемата мистерија на Едвард од минатото ќе стане најтешкиот случај со кој тој се соочил. Исчезнуваат 19 луѓе кои сите имаат нешто заедничко, сите биле одлгедани во истиот дом како и Едвард. Барајќи одговори Едвард ќе открие деке еден антички артефакт со голема моќ е откриен во еден одамна потонат брод. Тој се обраќа на Алајн Седрак антрополог и единствениот човек на кому може да му верува.Режија: Uwe Boll
Улоги: Christian Slater, Tara Reid, Stephen Dorff, Frank C. Turner, Mathew Walker |
Инстинкт
Режија: Џон Тртлтауб
Сценарио: Џералд Ди ПегоУлоги: Ентони Хопкинс, Куба Гудинг Јуниор, Доналд СатерлендГодина на производство: 1999Извонредна драма со извонредна група актери за желбата на еден човек да биде ослободен од стегите на современото општество. Неговата љубов кон природата ќе го направи одметник, но неговото чувство за правда ќе му помогне да се справи и со најтврдокорните елементи на системот.
|
Легенди за есента
Епска приказна за животот на еден татко и неговите три синови, за нивните судбини, за предавството, љубовта и љубомората. Во филмот настапува цела плејада холивудски ѕвезди, а во 1995 година освои Оскар за најдобра фотографија.
Оригинален наслов: Legends of the Fall
Улоги: Brad Pitt, Anthony Hopkins, Aidan Quinn, Julia Ormond, Henry Thomas, Karina Lombard
Режија: Edward Zwick
Траење:133′
Година на издавање: 1994.
|
Милениците на Америка
Најпознатиот американски брачен пар ќе се раздели. Пред премиерата на нивниот најнов филм, нивниот менаџер ќе се обиде да ги смири страстите и да ги натера заедно да се појават пред јавноста. Но, нештата нема да бидат толку едноставни.
Оригинален наслов: America’s Sweethearts
Режија: Joe Roth
Сценарио: Billy Crystal & Peter Tolan
Улоги: Julia Roberts, Billy Crystal, Catherine Zeta-Jones, John Cusack, Hank Azaria, Stanley Tucci, Christopher Walken, Alan Arkin
Година на производство: 2001
|
Мафијаши
Приказна за група пријатели во Њујорк, за нивното детство до нивното издигнување во светот на организираниот криминал. Како што се шири нивната криминална империја, тие мораат да се справат со многу проблеми, вклучувајќи го и различниот начин на водење на бизнисот.
Орилинален наслов: Mobsters
Режија-Michael Karbelnikoff
Главни улоги-Christian Slater, Costas Mandylor, Richard Grieco
|
Ван Хелсинг
Габриел Ван Хелсинг е чоевк кој е проколнат со тоа што не знае ништо за неговото минато и со мисија која мора да ја изврши. Од страна на тајна организација тој има задача да го уништи светското зло. Ван Хелсинг патува за Трансилванија каде што земјата е опседната од злобните суштества предводени од грофот Дракула. Ана Валериос е последната од кралското семејство која се уште опстојува во таква околина. Ван Хелсинг и Ана тргнуваат во мисија да го уништат Дракула и неговата злобна империја. Лице в лице со опасноста Ван Хелсинг ја дознава тајната за своето мистериозно минато.
Режија: Stephen Sommers
Улоги: Hugh Jackman, Kate Beckinsale, Richard Roxburgh, David Wenham, Shuler Hensley
|
Град и село
Комедија за животот, љубовта, пријателството, да се има се и да не се биде фатен. Тоа е начинот на која успешниот архитект Портер Стодард го живее својот живот. Но, кога неговиот најдобар пријател Грифин ќе биде фатен како ја изневерува сопругата Мона, започнува грдата драма на разводот. Портер започнува да ја студира врската со неговата сопруга Ели и со прекрасната челистка Алекс. Но, тој ќе биде конфронтиран од сомневањата на неговата сопруга и сфаќа дека навистина ја сака. Но, дали тоа значи дека е подготвен на живот на моногамија?Режија: Peter Chelsom
Улоги: Warren Beatty, Nastassja Kinski, Goldie Hawn, Diane Keaton, Andie MacDowell |
Еден пропуштен повик
Цела низа луѓе добиваат застрашувачки пораки на своите мобилни телефони кои ги известуваат за нивните последни моменти и им ја најавуваат нивната смрт. Пораките можат да се избришат, но сепак редот си е ред. Бет Рејмонд ќе се истрауматизира кога присуствува на грозната смрт на две нејзини пријателки кои исто така добиле такви пораки кои им ги дале деталите во врска со нината смрт. Додека полицијата смета дека Бет халусцинира, детективот Џејк Ендруз е единствениот кој и верува бидејќи и неговата сестра загинала во чудна несреќа, необично слична на онаа во која загинале и пријателките на Бет. Тие двајца заедно се обидуваат да разоткријат што се крие зад злокобните повици. Но, како што се приближуваат до вистината, така и мобилниот телефон на Бет почнува да ѕвони со језива мелодија и на екранот останува информацијата – еден пропуштен повик.
Оригинален наслов: ONE MISSED CALL
Премиера: 2008-02-28
Режија: Eric Valette
Улоги: Ed Burns, Shannyn Sossamon |
27 фустани
Џејн е њујорчанка со сјајна работа, совршен стан и колекција грди фустани за деверуши кои никогаш повеќе нема да ги облече. Толку е вплеткана во туѓите љубовни животи што нејзината кариера на “секогаш деверуша, а никогаш невеста” ќе го заинтригира новинарот Кевин. Toj во тоа гледа одлична приказна која ќе му помогне да напредува во кариерата. Совршениот живот на Џејн ше се здрма кога нејзината помлада секси сестра ќедопатува од Европа и веднаш ќе го заведе нејзиниот шеф Џорџ. Тоа значи уште една венчавка, но и сериозен проблем – Џејн е тајно и безнадежно вљубена во Џорџ.
Оригинален наслов: 27 Dresses
Премиера: 2008-01-11
Режија: Anne Fletcher
Улоги: Katherine Heigl, James Marsden, Malin Akerman, Ed Burns |
Алвин и верверичките
Jason Lee се појавува во улогата на композиторот Дејвид Севил во филмот базиран на цртаната серија за верверичките Алвин, Симон и Теодор. Тие упаќаат во неговиот стан и тука решаваат да го направат својот дом. Но, за да останат мораат да му го откријат на Дејв својот талент. Не само што можат да зборуваат, туку знаат и да пеат. Набрзо стануваат музичка сензација, а Дејв станува многу повеќе од композитор. Тој станува нивен старател. Проблемот се појавува кога вервериците стануваат толку занесени во својот успех што се свртуваат против Дејвид. Но, наскоро ќе сфатат дека тоа што се дел од семејството на Дејвид е всушност нивниот најголем успех.
Оригинален наслов: ALVIN AND THE CHIPMUNKS
Режија: Tim HILL
Улоги: Jason LEE, Cameron RICHARDSON, Justin LONG, Jane LYNCH, David CROSS    |
Свадбата на мојот најдобар пријател
Мајкл и Џулиен се најдобри пријатели со години. Еден ден, Мајкл ќе и каже дека се жени. Во тој момент, Џулиен ќе сфати дека го сака Мајкл и ќе реши да стори се за да го придобие својот најдобар пријател.Оригинален наслов: My best friend’s weddingРежија: P.J. HoganУлоги: Julia Roberts, Dermot Mulroney, Cameron Diaz, Rupert EverettНагради: ALMA Award
Година на производство: 1997 |
Вистинскиот живот на Ден

Ден Барнс, кој работи како семеен советник, по смртта на својата сопруга ќе остане сам да се грижи за своите три ќерки. Заминувањето на островот Роуд на средба со семејството Барнс целосно ќе го промени неговиот живот. Таму ја запознава Мери која работи во локалната книжарница. Првпат по долго време тој почнува да чувствува нешто за некоја жена. Но, дознава дека Мери е, всушност, новата девојка на неговиот помал брат. Ден и Мери се обидуваат да ја прикријат взаемната привлечност што, всушност, создава многу комични ситуации. Меѓутоа, и покрај тоа нивната љубов е се поголема. Така Ден сфаќа дека иако секогаш игра на сигурно, некогаш, во вистинскиот живот, некои правила мора да се прекршат.     |
П.С. Те сакам
Пред повеќе од 10 години во едно мало гратче во Ирска се случила огромна љубов помеѓу младата туристка Холи (Hilary Swank) и шармантното локално момче Гери (Gerard Butler). Иако мајката на Холи се противела на врската на нејзината своеглава ќерка, сепак таа завршува со брак, а младата и храбра Холи одеднаш се претвара во девојка која е несигурна во својот идентитет. Кога Гери ќе се разболи и ќе почине, таа останува вдовица пред својата 30 година. Нејзината мајка и пријателките се исплашени дека таа никогаш повеќе нема да излезе од својот стан од Менхетн. По една недела гледање стари филмови, неочекувано и пристигнува роденденска честитка од … Гери. Со тоа почнува присигнувањето на цела низа писма од него со кои тој бара таа да ги исполнува неговите необични барања. Со помош на пријателките, на Холи и започнуваат големите авантури кои за неа ги испланирал Гери за да и помогне да сфати која е таа без него и да ја потсети уште еднаш – П.С. Те сакам!
Оригинален наслов: P.S. I LOVE YOU
Режија: Richard LaGRAVENESE
Улоги: Hilary SWANK, Gerard BUTLER , Jeffrey Dean MORGAN, Lisa KUDROW, Gina GERSHON, Kathy BATES, Harry CONNICK Jr.
    |
Фриџек
Приказната на филмот е сместена во 2009 година, каде што луѓето кои се на умирање се однесени на место каде што нивните тела се продаваат на старите и богатите. Луѓето познати како Фриџекс се тие кои ќе побегнат во моментот на нивната смрт и ќе бидат прогонувани од ловците на тела.Режија: Geoff Murphy
Улоги: Emilio Estevez, Anthony Hopkins, Mick Jagger, Rene Russo, David Johansen |
Најбрзиот Индијанец на светот
Екранизација за животот на Новозеланѓанецот Берт Мунро, кој успеа да стане најбрзиот човек во светот на мотор. Филмот ја следи неговата младост и напорите што ги вложува за да го оствари својот сон за брзински рекорд.
Оригинален наслов: The World’s Fastest Indian
Режија: Roger Donaldson
Улоги: Anthony Hopkins, Iain Rea, Tessa Mitchell
Награди: Golden Tripod
Година на производство: 2005 |
Како да се убие кучето на соседот
Повлечениот сценарист Peter McGowan се труди да се извлече од својата непродуктивност. Тука е притисокот од жена му која сака да имаат деца, а тој е импотентет, новата соседка со својата 8-годишна ќерка како и кучето на соседите кое не престанува да лае…
Оригинален наслов: How to kill neighbor’s dog
Сценарио и режија: Michael Kalesniko
Улоги: Kenneth Branagh, Robin Wright Penn, Suzi Hofrichter, Lynn Redgrave, Jared Harris
Година на Производство: 2003
Жанр: комедија/ драма
|
Фала богу ја сретна Лизи
Класична романтична комедија, Гај го преплавуваат сеќавања за неговата поранешна девојка на денот на неговата свадба. Тој се жени со Лизи, а се сеќава на топлата и забавна Џени со која бил во врска, но ја изгубил…
Оригинален наслов: Thank God He Met Lizzie
Режија: Cherie Nowlan
Сценарио: Alexandra Long
Улоги: Richard Roxburgh, Cate Blanchett, Frances O’ Connor
Жанр: Комедија/ Романса
Година на производство: 1997
|
Мандолината на капетан Корели
Филм кој зборува за окупирањето на Грција од страна на германско- италијанските сојузници, но и за личната приказна на италијанскиот офицер Капетан Корели кој во Грција се вљубува во прекрасната жена на еден локален рибар
Оригинален наслов: Captain Corelli’s Mandoline
Режија: John Madden
Сценарио: Shawn Slovo
Улоги: Nikolas Cage, Penelope Cruz, John Hurt, Christian Bale
Жанр: Драма/ Романса
Година на производство: 2001
|
Променливи патеки
Приказна што се случува еден ден во Њу Јорк кога еден млад адвокат и еден бизнисмен ќе учествуваат во сообраќајна несреќа. Следат настаните во судницата во кои двете страни си играат мачка и глувче… Содржи умерено насилство.
Оригинален наслов: Changing Lanes
Режија: Roger Michell
Сценарио: Chap Taylor
Улоги: Ben Affleck, Samuel L. Jackson, Kim Staunton, Toni Collete
Жанр: Драма/ Трилер
Година на производство: 2002
|
Детоксикација
Џејк Малоу е агент на ФБИ и е во потрага по сериски убиец кој убива полицајци. Малоу му застанал на патот пред неколку години кога го гонел поради убиство на проститутка и затоа одлучил да му се одмазди. Ја убива свршеничката на Малоу.
Режија-Jim Gillespie
Главни улоги-Sylvester Stalone, Tom Berenger
Оригинален наслов- D-Tox
Година на производство-2002
|
Страв од непознатото
Сопругата на Шефот на обезбедувањето на Висконсин, Хери Кеин е убиена во трговскиот центар каде што тој работи. Фрустрациите на Кеин се зголемуваат откако локалните власти немаат никаква трага или осомничен, а случајот ќе заземе друг правец откако ќе се дознае дека и полицаец е убиен во истото време кога и неговата сопруга. Одлучен да го пронајде убиецот на сопругата, Кеин започнува сопствена истрага и станува толку опседнат што не мисли на ништо друго. Тој постојано се потсетува на тоа дека не сака да се одмазди, но сепак место прашањето зошто тој се прашува кој ја убил. Истрагата ќе го одведе во Монтана.
Режија: Nicolas Winding Refn
Улоги: John Turturro, Deborah Kara Unger, Stephen McIntyre, William Allen Young, Gene Davis |
Прва лига
Една егзотична танчерка се мажи за еден сопственик на бејзбол клуб. Тој не го преживува медениот месец и таа станува сопственик на клубот. Гледајќи го малиот стадион, таа сонува клубот повоторно да се врати на големтите стадиони. Таа всушност се соочува со најлошиот тим на Кливленд Индијанс. Однесувањето на новиот сопственик им дава шанса на лузерите повторно да се вратат во форма.
Режија: David S. Ward
Улоги: Tom Berenger, Charlie Sheen, Corbin Bernsen, Rene Russo, Margaret Whitton
|
Розмариното бебе
Режија: Roman Polanski
Улоги: Mia Farrow, John Cassavetes, Ruth Gordon, Sidney Blackmer, Maurice Evans
Оригинален наслов: Rosemary’s Baby
Година на производство: 1968
Филмот е добитник на Оскар за споредна улога на Рут Гордон, а номиниран за БАФТА.
Приказната е за една млада брачна двојка која се вселува во стан, а е опкружена од многу чудни соседи и настани. Кога жената ќе остане бремена на многу таинствен начин, паранојата за спас на нејзиното неродено дете прераснува во необична грижа.
|
Гладијатор
Римскиот император Маркус Аурелиус пред својата смрт го прогласува за свој наследник храбриот и успешен генерал Максимус, наспроти очекувањата на неговиот властољубив син Комодус. Болната желба за власт и моќ на синот, го носи генералот Максимус кон голема лична трагедија. Тој успева да го избегне убиството, но не успева да ги спаси неговата жена и синот. Останува протеран, сам и несреќен, без желба за живот и еден трговец со робови го продава на сопственикот на едно училиште за гладијатори. Максимус почнува да се бори и да победува со што станува миленик на народот. Неговата гладијаторска дружина ќе биде повикана да учествува на гладијаторските игри организирани во чест на Маркус Аурелиус, при што тој повторно се среќава со самопрогласениот император Комодус. Максимус сеуште носејќи голема болка во себе, ја организија својата одмазда…
Оригинален наслов: Gladiator
Режија: Ridley Scott
Сценарио: David Franzoni
Улоги: Russell Crowe, Joaquin Phoenix, Connie Nielsen, Oliver Reed, Richard Harris
Жанр: Историски/ Воен/ Драма
Година на производство: 2000
Награди: 5 Оскари, 45 други филмски награди, 79 номинации
|
Браќата Грим
Двајцата лажни уметници и собирачи на народни умотворби, Џејк и Вил Грим, патуваат од село во село и заработуваат пари, претставувајќи се како егзорцисти кои се борат против лошите вештерки и чудовиштата. Тие ќе бидат откриени од Француските власти и ќе треба да ги потврдат своите способности и својата храброст справувајќи се со вистинска волшебна клетва во проколнатата шума во која исчезнале десет млади девојки од локалното село, но и со вистински чудовишта.
Оригинален наслов: The Brothers Grimm
Режија: Terry Gilliam
Сценарио: Ehren Kruger
Улоги: Matt Damon, Heath Ledger, Monica Belluci
Жанр: Авантура/ Фантазија/ Комедија
Година на производство: 2005
|
Адвокат на ѓаволот
“ Подобро да владееш со пеколот отколку да слугуваш во рајот”
Младиот адвокат Кевин Ломакс, кој никогаш досега во својата кариера не изгубил случај, заедно со својата жена се сели во Њујорк каде треба да работи во една голема адвокатска компанија. Еден од сопствениците на компанијата е финансискиот и политички моќник Џон Милтон кој го сместува Кевин во најлуксузен апартман, енормно ја зголемува неговата плата и кој ќе се испостави дека е Сатаната лично.
Настапуваат на сцена прашањата за суетата, моралот, слободната волја.
Оригинален наслов: The Devil’s Advocate
Режија: Taylor Hackford
Сценарио: Jonathan Lemkin
Улоги: Keanu Reeves, Al Pacino, Charlize Theron
Жанр: Драма/ Мистерија/ Трилер
Година на производство: 1997
|
Ноел
Чудата се поблиску отколку што мислите, особено на Божиќната вечер…
Осамената разведена писателка Роуз Харисон очекува чудо што ќе го подобри здравјето на нејзината мајка, Нина Васкез ја раскинува својата свршувачка поради љубомората на нејзиниот свршеник кој сега и недостига, Мајк заглавува со непознат бармен, Сиромашниот Џулес очекува да го помине Божиќ во болница каде како тинејџер го поминал најубавиот Божиќ во животот. Животите на некои од овие ликови ќе се испреплетат оваа вечер.
Оригинален наслов: Noel
Режија: Chazz Palminteri
Сценарио: David Hubbard
Улоги: Susan Sarandon, Penelope Cruz, Paul Walker, Alan Arkin
Жанр: Драма
Година на производство: 2004
|
Американска пита 2
По првата година на колеџ, момчињата повторно се собираат за летна забава. Џим продолжува со својата сексуална независност, барајќи помош од стара пријателка Мишел. По неочекуван повик, Надја ќе го посети Џим. Во меѓувреме, Кев и Вики се наоѓаат во незавидна ситуација, откако пред една година раскинале. Оз се соочува со врска на долга релација кога Хедер замина во Франција на студии. Оригинален наслов: American pie 2Режија- James B. Rogers
Главни улоги-Jason Biggs, Shannon Elizabeth |
Аматери
Енди разведен човек кој со своите пет пријатели доаѓа до идеја со која сите ќе можат да си ги остварат своите соништа. Тие се собираат во својот мал град и решаваат да снимат филм за возрасни! Иако мислат дека се на вистинскиот пат до славата и богатството, нивната фантазија набрзо се претвара во урнебесна авантура и создавање на најне-возрасниот филм за возрасни.
|
Враќањето на мумијата
Пред многу години, во антички Египет, кралот Шкорпион ја водел опасната армија, но кога ја продал својата душа на Анубис, бил избришан од историјата. Сега е само мит или не? Рик и Евелин се уште испитуваат нови артефакти, заедно со нивниот осумгодишен си, Алекс. Тие ја откриваат бразлетната на Анубис. Но, и некој друг ја сака. Високиот свештеник Имхотеп се врати од мртвите и ја сака бразлетната за да ја контролира армијата на кралот Шкорпион.
Режија- Stephen Sommers
Главни улоги- Brendan Fraser, Rachel Weisz
Оригинален наслов: The mummy return
|
Семејството Севиџ
Филмот претставува еден сатиричен поглед на животот, љубовта и смртноста. По несреќното детство, Венди и Џон Севиџ продолжуваат со своите животи на две различни страни. Венди се обидува да се докаже како писатека на театарски претстави и има врска со оженет човек, а Џон е писател и професор на колеџ кој ужива во изолиран живот и не може да се реши за брак со жената со која е во врска неколку години. Еден ден добиваат телефонски повик дека ќе мора да се вратат за да се грижат за нивниот болен татко. Новата ситуација ќе ги натера да се соочат со своето минато.
|
Маѓепсана
Филмот почнува како анимирана бајка за убавата принцеза која е проколната од лошата кралица и протерана од магичниот анимиран свет. Така таа стигнува на улиците на модерен Њујорк. Се шокира од тој хаотичен свет, па очајно и е потребна магија за да се врати дома. Но, тогаш го запознава шармантниот адвокат за разводи Роберт Филип кој и помага и во кого таа се вљубува. Така, таа ќе се најде пред дилема дали да се врати во светот на бајките каде што е ветена за принцот Едвард или пак, да поверува дека можеби романса како во бајките може да се исполни и во вистинскиот свет.
|
Насмеано лице
Anna Faris го глуми ликот на неуспешната актерка Џејн Ф. која поминува низ уште еден лош ден. Случајно, таа ќе изеде колаче со марихуана кое го оставил нејзиниот психо цимер. Oстатокот од денот ќе го помине обидувајќи се да надомести за колачињата, да плати сметка за бензин, да стигне на аудиција, да му прави друштво на пријателот на забар…
|
Совршен Божиќ
Ненси (Gabrielle Union) е разведена жена која толку е преоптоварена со грижата за своите деца што сосема заборава да мисли на себе. Како што се приближува Божиќ, таа решава да ги однесе своите деца во трговскиот центар за да се запознаат со Дедо Мраз, не претпоставувајќи дека нејзината најмлада ќерка Емили почувствувала дека нејзината мајка е тажна и решила да го искористи Дедо Мраз знаејќи дека сè што сака за Божиќ нејзината мајка е комплимент од некој маж. Така случајно, Дедо Мраз-от Бенџамин, кој работи како продавач и сонува да стане текстописец, и го дава на Ненси она што таа го посакала за Божиќ, и уште многу, многу повеќе…
|
Возејќи се со момчињата
Прекрасна приказна за 16-годишно девојче, кое ќе роди син и ќе биде во брак со наркоман. И покрај сите пречки, таа ќе успее да заврши факултет и да стане позната писателка.Оригинален наслов: Riding in Cars with BoysУлоги: Drew Barrymore,Steve Zahn, Adam Garcia, Brittany MurphyРежија: Penny Marshall Година на производство: 2001 |
Кејт и Леополд
Кејт и нејзиниот брат актер живеат во Њујорк, во 21 век. Нејзиното поранешно момче, Стјуарт живее над нејзиниот стан и наоѓа место во близина на мостот Бруклин каде што постои празнина во време. Се враќа во 1800 години и го слика местото. Леополд, човекот што живее во 1870 година е фотографиран од камерата на Стјуарт и решава да го следи и двајцата завршуваат во овој век. Леополд е затекнат од новото опкружување. Леополд е многу интелигентен и се обидува да научи се за модерното живеење. Режија-James Mangold
Главни улоги-Meg Ryan, Hugh JackmanОригинален наслов: Kate and Leopold |
Јас сум Сем
Шон Пен настапува во една од своите најдобри ролји. Тој глуми ментално ретардиран татко, кој ќе се обиде да го добие старателството над својата 7-годишна ќерка. На суд ќе го застапува една ладнокрвна адвокатка, која што наскоро ќе го засака Сем и ќе стори сe за да му помогне.Оригинален наслов: I am SamРежија: Jessie NelsonУлоги: Sean Penn, Michelle Pfeiffer, Dakota FanningГодина на производство: 2001 |
Малена
Во 1940 година во Италија почнува војната. Две работи му се случуваат на 12 годишниот Ренато: го добива својот прв велосипед и за прв пат ќе ја здогледа Малена, прекрасна, тивка жена која се преселила во градот за да биде со својот сопруг Нико. Тој заминува во војна. Следните години, како што Ренато расте, ја набљудува Малена како страда, нејзината осаменост, смртта на Нико, напорите да го подобри односот со татко, сиромаштијата и потрагата по работа и конечно понижувањата. Режија- Giuseppe Tornatore
Главни улоги- Monica Bellucci, Giuseppe Sulfaro |
Танцување во сината игуана
Приказна за пет стриптизерки и за седмицата која ќе ги обележи нивните животи. Драмата ги следи обидите на Ејнџел да стане мајка која ќе посвои дете и непланираната бременост на Џо и нивната групна борба за опстанок.
Режија: Michael Radford
Улоги: Charlotte Ayanna, Daryl Hannah, Sheila Kelley, Elias Koteas |
Girl, Interrupted
Сузана е депресивна и дезориентирана по завршувањето на средното училиште, на крајот на 60тите години. Самоубиствените намери ја носат во Клејмур, ментална установа, каде се спријателува со други проблематични жени (Ѓеоргина е патолошки лажго, Дејзи била сексуално злоупотребувана, Поли има лузни од пожар…). Но и ќе западне под силното влијание на Лиза, најдивата и најтешката во групата. Кај Сузана се јавува дилемата дали да се предаде и да го гради својот живот заштитена од светот, во Клејмур, или конечно да се прибере и да започне да живее вистински живот.
Оригинален наслов: Girl, Interrupted
Режија: James Mangold
Сценарио: James Mangold
Улоги: Winona Ruder, Angelina Jolie, Clea DuVall, Brittany Murphy
Жанр: Биографија/Драма
Година на производство: 1999
|
Лара Крофт: Крадец на гробници (2001)
Филм базиран на популарна видео игра кој зборува за авантурите на Лара Крофт, атрактивната трагачка по антиквитети. Таа патува по егзотични места во потрага по богатства и артефакти во катакомбите од античките гробови и рушевини кои датираат од дамнешни времиња. Еден вид женски Индијана Џонс, чии експедиции се секогаш исполнети со акција, опасности, интриги…
Оригинален наслов: Lara Croft: Tom Raider
Режија: Simon West
Сценарио: Sara B.Cooper, Mike Werb
Улоги: Angelina Jolie, Jon Voight, Daniel Craig
Жанр: Акција, Авантура, Фантазија
Година на производство: 2001
|
Ново утро во Рено
Рој и Кенди и Лони и Дарлен се брачни двојки кои мислат дека меѓусебно се познаваат, додека не одлучат да одат на одмор од соништата. Но, работите се поинакви.
Оригинален наслов – Waking up in Reno
Режија – Jordan Brady
Главни улоги – Charlize Theron, Natasha Richardson, Holmes Osbourne, Patrick Swayze
|
Порака во шише
Сосема случајно, една жена ќе најде шише на брегот од океанот, а во него порака. Таа цврсто ќе реши да го најде човекот што ја напишал пораката. Кога ќе го најде осамениот маж, чија што жена трагично починала, меѓу нив ќе се роди љубов.Оригинален наслов: Message in a Bottle
Режија: Luis Mandoki
Улоги: Kevin Costner, Robin Wright Penn, Paul Newman, John Savage, Illeana Douglas
Година на производство: 1999 |
Пила 3
Џеф е вознемирен човек кој пати по синот кој му настрадал во сообраќајна несреќа. Нему му станува опсесија да му се одмазди на возачот и е непријатен кон жената и ќерката. Кога д-р Лин Денлон која има проблеми во бракот, е киднапирана од помошничката на Џигсо, Аманда, однесена е во морничав магацин да го одржува Џон Крамер во живот и покрај тоа што тој е смртно болен од мозочен тумор.Оригинален наслов: Saw III
Режија: Darren Lynn Bousman
Улоги: Tobin Bell, Shawnee Smith, Angus Macfadyen, Bahar Soomekh, Dina Meyer
Година на производство: 2006 |
Симон
Виктор Тарански е режисер добитник на Оскар, кој всушност ќе доживее успех кога главната актерка ќе го напушти неговиот најнов филм. Потоа тој ќе биде отпуштен од страна на претседателката на филмското студио и негова поранешна сопруга. Одеднаш се појавува компјутерскиот гениј Хенк Алено кој ќе му помогне во креирањето на новата актерка. Одеднаш се раѓа новата сензација Симон. Одеднаш Тарански ќе го вкуси успехот кој отсекогаш го посакувал со создавањето на новата филмска ѕвезда. Но, дали е се така како што изгледа? Еден репотер на таблоид Макс Сејер ќе се погрижи да не биде се така едноставно.
Режија: Andrew Niccol
Улоги: Al Pacino, Catherine Keener, Evan Rachel Wood, Jay Mohr, Pruitt Taylor-Vince
Оригинален наслов: S1M0NE
Година на производство: 2002
|
Собирач на коски
Еден од најдобрите форензичари на полицијата останува парализиран по несреќа во тунел. Тој размислува за самоубиство, но токму пред да донесе одлука, полицијата ќе побара помош од него за да го открие мистериозниот сериски убиец.Оригинален наслов: The Bone CollectorРежија: Phillip Noyce
Улоги: Denzel Washington, Angelina Jolie, Queen LatifahГодина на производство: 1999 |
Во времето на пеперутките
Генералот Рафаел Трухило владее со диктатурата и луѓето во Доминиканската Република. Минерва Мирабал и нејзините две сестри колективно познати како Лас Марипосас се обидуваат да го симнат злобниот диктатор со помош на мала група бунтовници. Тие се обидуваат да ја вратат слободата на својата нација.
Оригинален наслов: In the Time of the Butterflies
Режија: Mariano Barroso
Улоги: Salma Hayek, Edward James Olmos, Mía Maestro
|
200 цигари
Нова Година, 1981, Моника прави забава. Но до девет часот никој не дојде. Славениците се на пат, во потрага по љубов, секс…еден артист, момечто на Моника, негов другар, две девојки од Лонг Ајланд, двајца панкери, келнер, шкотски сликар и други. Скоро сите пушат и сите добиваат што сакаат.
Оригинален наслов – 200 cigaretes
Режија-Risa Bramon Garcia
Главни улоги-Ben Affleck, Cassey Affleck
|
Скриена страст
Кога Мери, вдовица од Провенс со две ќерки, ја затвора вратата од бањата и оди на спиење, започнува да сонува за Марти, агент од Менхетан, кој исто така сонува за Мери. Мери го запознава Вилјам , Марти, Арон, кој и станува пријател, а подоцна и нејзин љубовник. Пријателите им кажуваат на своите љубовници за соништата. Вилјам е љубоморен, Арон прифаќа. Мери оди со Вилјам на одмор во Париз, а Марти се буди во една хотелска соба со пепелник крај себе.
Оригинален наслов – Passion of mind
Режија-Alain Berliner
Главни улоги-Eloise Eonnet, Demi Moore
|
Валкано танцување 2
Хавана ноември 1958 година. Осумнаесетгодишната Кејти Милер се запознава со нејзиниот нов живот во Хавана, бидејќи татко и доаѓа како преставник на Крајслер. Нејзините родители ја запичуваат на часови по танцување и Кејти им се придружува на останатите американски тинејџери во хотелот. Но, Кејти ќе биде привлечена од гордиот келнер Хавиер кој е одличен танчер. Одлучна да ги научи потезите кои се во неговото тело таа ќе му предложи на Хавиер да и биде партнер на престојниот натпревар за танцување. Состанувајќи се тајно во ноќните клубови на Хавана, Кејти и Хавиер започнуваат со вежбањето чекор по чекор при што меѓу нив се појавува растечка страст. Подготвени тие се појавуваат на натпреварот како двојка. Но, на улиците на Хавана започнува револуцијата.
Оригинален наслов: Dirty Dancing 2
Режија:Гај Ферланд
Улоги:Диего Луна, Ромола Гараи, Села Ворд, Џон Слетери и Џонатан Џексон.
|
Дивиот запад
Џим Вест е поранешен херој од Граѓанската војна, а Артемус Гордон американски Шериф и пронаоѓач. Против нивна волја претседателот на САД ги здружува кога на земјата и се заканува опасност од психотичниот конфедеративец Арлис Лавлес.
Оригиналeн наслов: Wild Wild West
Режија: Бери Соненфелд
Улоги: Вил Смит, Кевин Клајн, Селма Хајек
Година на производство: 1999
|
Слаткиот ноември
Нелсон работи во една маркетинг агенција и целосно и е посветен на работата. Еден ден ќе ја сретне Сара. Меѓу нив ќе се роди љубов, а Нелсон ќе живее со Сара еден месец. Тој месец ќе го смени неговиот живот засекогаш.
Оригинален наслов: Sweet November
Режија: Pat O’Connor
Улоги: Keanu Reeves, Charlize Theron, Jason Isaacs
Година на производство: 2001
|
Монструм
Мрачна приказна базирана на животот на Aileen Wuornos, една од првите женски сериски убијци во Америка. Таа имала тешко и сурово детство, била злоупотребувана и користела дроги, а на 13 години станува проститутка и уште истата година останува бремена. Потоа работи како проститутка на автопат задоволувајќи ги желбите на камиотџиите. Филмот се фокусира на период од 9 месеци помеѓу 1989 и 1990 кога Aileen е во хомосексуална врска со Selby. Во тој период таа почнува да ги убива своите клиенти со цел да им земе пари без секс, но и како ладнокрвно да се одмаздува за сите грозотии што ја прателе низ животот…
Оригинален наслов: Monster
Режија: Patty Jenkins
Сценарио: Patty Jenkins
Улоги: Charlize Theron, Christina Ricci, Bruce Dern
Жанр: Биографија / Драма / Крими
Година на производство: 2003
|
Глава во облаци
Ова е доста слоевита романтична драма сместена во 1930тите години во Англија, Франција и Шпанија. Gilda Bessé го дели својот апартман во Париз со учител од Ирска – Guy Malyon, и Mia, бегалец од Шпанија. Како што светот се доближува до војна, Gilda провокативно го форсира својот хедонистички начин на живот и нејзината растечка кариера како фотограф. Но Guy и Mia се поттикнати да се приклучат во борбата против фашизмот и се чини дека тројцата пријатели ќе бидат разделени засекогаш.
Оригинален наслов: Head in the clouds
Режија: John Duigan
Сценарио: John Duigan
Улоги: Charlize Theron, Penelope Cruz, Stuart Townsend
Жанр: Драма / Романса / Воен
Година на производство: 2004 |
Таен брат
Anton Jackson е Афро – Американец кој изгледа сосема безопасно на површината, но е таен агент во црнечкото здружение Б.Р.А.Т.С.Т.В.О. Тој е во партнерство со безобразната, но прекрасна Sistah Girl и ги штити сите беспомошни луѓе. Нашиот херој ќе мора тајно да работи за Организацијата на белите, со која се постојано во конфликт, и да види што се случува таму.
Оригинален наслов: Undercover brother
Режија: John Ridley
Сценарио: John Ridley
Улоги: Eddie Griffin, Cris Kattan, Denise Richards
Жанр: Акција / Комедија
Година на производство: 2002
|
Меркур изгрева
Брусе Вилис е надворешен агент на ФБИ кој е назначен да заштити 9 годишно момче аутист откако тоа ќе успее да открие еден таен код на владата. Родителите на детето се убиени, но детето успева да побегне. Овој филм ги претставува претставниците на Американската влада како исклучително сурови кон некој кој ќе успее да ги разоткрие, па макар и да се работи за безопасно детенце.
Оригинален наслов: Mercury Rising
Режија: Harold Becker
Сценарио: Lawrence Konner
Улоги: Bruce Willis, Alec Baldwin, Miko Hughes
Жанр: Акција / Драма / Трилер
Година на производство: 1998
|
Син судир
Ништо не може да застане помеѓу Ана Мари и нејзината даска. Таа живее во барака на плажата заедно со својата сестра бунтовничка и двете цимерки, и секое утро станува пред зори за да ги освои брановите, а и престојниот натпревар во сурфање. Но Ана ја губи својата рамнотежа кога ќе го запознае Мет…
Оригинален наслов: Blue Crush
Режија: John Stockwell
Сценарио: Lizzy Weiss
Улоги: Kate Bosworth, Anne Marie Chadwick, Matthew Davis, Matt Tollman
Жанр: Драма / Романса / Спорт
Година на производство: 2002
|
Лекоумност
Били Боб Тортон глуми човек кој е на слобода после 23 години поминати во затвор, осуден за убиство на тинејџер, за време на вооружен грабеж. После две декади гледање во ликот на момчето кој стоел закачен во неговата ќелија, тој решава да добие искупување за стореното дело преку мистериозниот свештеник и преку запознавањето со две жени.
Оригинален наслов: Levity
Режија: Ed Solomon
Сценарио: Ed Solomon
Улоги: Billy Bob Thornton, Morgan Freeman, Holly Hunter, Kirsten Dunst
Жанр: Драма / Криминален
Година на производство: 2003
|
Мета
Досега ништо возбудливо се нема случено во фамилијата на Крис. Но последните 48 часа, неговата мајка е киднапирана, неговиот татко ќе биде принуден да го открие своето тајно минато и Крис ќе се најде во центарот на авантура каква не ни сонувал дека може да му се случи нему.
Оригинален наслов: Target
Режија: Arthur Penn
Сценарио: José Luis Navarro, Don Petersen
Улоги: Gene Hackman, Matt Dillon
Жанр: Акција / Трилер
Година на производство: 1985
|
Пијанист
Вистинита потресна приказна на Wladyslaw Szpilman кој во 30тите години бил познат пијнист во Полска. Со започнувањето на Втората Светска Војна тој станува субјект на анти Еврејските закони, спроведувани од Германците освојувачи. На почетокот на 40тите гидини Szpilman доживува една сосема поинаква стварност, Еврејското гето во Варшава наместо Концертни сали и мора да ја преброди трагедијата на своето семејство кое е депортирано во Германските концентрациони логори… Сведок е на двете востанија во Варшава.
Оригинален наслов: The pianist
Режија: Roman Polanski
Сценарио: Ronald Harwood, според книгата на Wladyslaw Szpilman
Улоги: Adrien Brody, Thomas Kretschmann , Frank Finlay, Maureen Lipman…
Жанр: Биографија / Драма
Година на производство: 2002
|
Долг викенд
Купер и Ед се браќа, Купер глуми во реклами и сапунски серии и ја троши својата енергија на бркање женски за една вечер. Неговиот помлад и посовесен брат работи во една голема компанија. Ед откако ја наоѓа својата девојка во кревет со друг маж како се снимаат на камера, паѓа во депресија, неговиот социјален живот тоне, а страда и неговата кариера. Тој ќе ја загуби работата доколку не заврши една голема задача до понеделник, а брат му сака малку да му го “зачини животот”, за време на викендот…
Оригинален наслов: The Long Weekend
Режија: Pat Holden
Сценарио: Tad Safran
Улоги: Chris Klein, Brendan Fehr, Chandra West
Жанр: Комедија
Година на производство: 2005
|
Стриптиз
Erin Grant го губи старателството над своето дете, од страна на поранешниот сопруг, откако ќе ја загуби работата. За да дојде до парите што и се потребни за да поднесе жалба кон пресудата, таа прифаќа работа во еден локален стриптиз бар. Erin ненамерно се вплеткува во фетишите, фантазиите и злосторствата на различните патрони, во кои спаѓа еден амбициозен подлизурко, развратниот сопственик на клубот, ликови од подземјето, па дури и конгресмен од САД.
Оригинален наслов: Striptease
Режија: Andrew Bergman
Сценарио: Andrew Bergman
Улоги: Demi Moore, Burt Reynolds, Armand Assante, Ving Rhames
Жанр: Комедија / Драма / Криминален
Година на производство: 1996
|
Истрајниот градинар
Во далечна област во северна Кенија, активистката Tessa Quayle е пронајдена брутално убиена. Нејзиниот придружник, докторот Arnold Bluhm изчезнува од местото на злосторство, а сите докази водат кон злосторство од страст. Останатите членови на експедицијата не очекуваат мажот на Tessa да се зафати со случајот, но грешат. Целиот потиштен и потресен од гласините за неверноста на неговата жена, Quayle ги изненадува сите започнувајќи лична одисеја која ќе го носи низ континентите. Користејќи ги своите привилегии како дипломат, повеќе пати ќе го стави и својот живот во опасност.
Оригинален наслов: The Constant Gardener
Режија: Fernando Meirelles
Сценарио: Jeffrey Caine
Улоги: Ralph Fiennes, Rachel Weisz, Hubert Koundé, Danny Huston
Жанр: Драма / Трилер
Година на производство: 2005
|
Книга на сенки: Вештерката од Блер 2
Фасциниран од филм за лов на вештерки, Jeff Donavan прави тура низ Блер со цел автентично да бидат доловени моментите од филмот. Група студенти решаваат да ја направат турата, но првата вечер да преспијат во куќата на Rustin Parr. Утрото тие сфаќаат дека ноќта никој не спиел, но и не се сеќаваат што се случило претходната вечер. Се враќаат во градот и откриваат дека некој или нешто, дошло со нив…
Оригинален наслов: Book of Shadows: Blair Witch 2
Режија: Joe Berlinger
Сценарио: Dick Beebe, Joe Berlinger
Улоги: Kim Director, Jeffrey Donovan, Erica Leerhsen, Stephen Barker Turner, Tristine Skyler
Жанр: Хорор / Трилер
Година на производство: 2000
|
Стјуарт Литл
Филм базиран на приказната за деца за едно глувче кое го посвојува семејствотот Литл и неговите авантури при настојувањето да стане прифатен член на семејството. Тој се труди да го придобие вниманието на својот брат со цел да остане што против желбите на семејната мачка.
Оригинален наслов: Stuart Little
Режија: Rob Minkoff
Сценарио: M. Night Shyamalan
Улоги: Michael J. Fox, Geena Davis, Hugh Laurie, Jonathan Lipnicki, Nathan Lane
Жанр: Авантура / Комедија / Семеен
Година на производство: 1999
|
Модар во лицето
Овој филм преставува серија од импровизирани ситуации кои се нижат една по друга со цел да формираат колаж од различните националност во Бруклин, хуморот и хуманоста. Повеќе ликови кои ја посетуваат продавницата за цигари на Auggie Wren навраѓаат таму за да ја изнесат својата филозофија во врска со пушењето, врските, бејзболот, за Њу Јорк и за Белгиските вафли. Најмногу од се ова е филм кој зборува за живеењето на животот без никакви стеги.
Оригинален наслов: Blue in the face
Режија: Paul Auster, Wayne Wang
Сценарио: Paul Auster
Улоги: Lou Reed, Michael J. Fox, Roseanne, Mel Gorham, Lily Tomlin, Madonna…
Жанр: Комедија
Година на производство: 1995
|
Наградите Дарвин
Филмот е извонредна комедија, којашто обработува една несекојдневна појава. Секоја година се доделува наградата Дарвин за човекот кој успеал да се самоубие на најглупав можен начин. Овој филм им е посветен токму на најглупавите меѓу нас.Оригинален наслов: The Darwin AwardsРежија: Finn TaylorУлоги: Winona Ryder, Joseph Fiennes, David Arquette, Jeffrey Tambor, Tim Blake NelsonГодина на производство: 2006 |
Нашиот италијански сопруг
Марија е прави сандали и живее во Италија. Нејзиниот сопруг Винченцо заминува за да ја побара среќата како скулптор во Њујорк, испраќајќи и пари секој месец. По некое време Марија го губи контактот со него и заминува за Њујорк каде што открива дека тој таму живее со друга жена.
Оригинален наслов: Our Italian Husband
Режија: Illaria Borrelli
Улоги: Diego Serrano, Brooke Shields, Chevy Chase, Maria Grazia Cucinotta, Pierfrancesco Favino
Година на производство: 2004 |
До следниот петок
Роднините Крег и Деј Деј се наоѓаат во старото соседство повторно и се подготвуваат за Божик. Иако ја немаат сигурноста на живеење со родителите сепак се во свој дом. Апартманот кој го делат заедно е подготвен за престојните празници. Време е за подароци и задоволства, се додека Крег не се разбуди среде ноќ и открие како еден гето Дедо Мраз ги каред нивните подароци и нивните пари. Соочени со тоа дека ќе го поминат празникот без подароци и дека немаат пари, Крег и Деј Деј мора да најдат набрзина пари. Тие одат во локалниот трговски центар каде што нивните татковци ќе ги вработат како обезбедување. Додека Крег се снаоѓа со турканиците за време на Божик, Деј Деј е некаков си рента полицаец. Но, сепак и двајцата ќе го научат вистинското значење на празниците.
Оригинален наслов: Friday after next
Режија: Marcus Raboy
Улоги: Ice Cube , Mike Epps, John Witherspoon, Don Curry, Anna Maria Horsford
Година на производство: 2002
Убиј го Бил 1
Главниот лик, Невестата, била член на една Организација за убивање, водена од нејзиниот љубовник Бил. Кога сфаќа дека носи дете од Бил, Невестата одлучува да му побегне на животот како убиец. Таа оди во Тексас, среќава едно младо момче и на денот на нивната венчавка се појавува Бил, бесен и љубоморен, заедно со своето здружение и ги разнесува сите во црквата. Невестата сепак преживува и по четири години се буди од кома и сфаќа дека го нема нејзинотот бебе. Таа решава да им се одмазди на петтемината кои и го уништија животот и го убија нејзинотот бебе…
Оригинален наслов: Kill Bill 1: Vol. 1
Режија: Quentin Tarantino
Сценарио: Quentin Tarantino
Улоги: Lou Uma Thurman, Lucy Liu, Vivica A. Fox, Daryl Hannah, David Carradine…
Жанр: Акција / Криминален / Трилер / Драма
Година на производство: 2003
|
Hairspray
Дејството се одвива во 1962 година и двајца занесени тинејџери, Tracy Turnblad и нејзиниот пријател Penny Pingleton го гледаат Corny Collins шоуто. Откако ќе се откаже една од ѕвездите на шоуто, Tracy Turnblad и покрај вишокот килограми се појавува со одлична изведба и ги засенува со танцот сите натпреварувачи, а особено ги растревожува злобната Amber Von Tussle и нејзината мајка Velma кои ќе направат се Tracy да излезе од шоуто. Tracy се бори и за тоа црните дечиња да имаат повеќе шанси да се јавуваат на тоа шоу.
Оригинален наслов: Hairspray
Режија: Adam Shankman
Сценарио: Leslie Dixon
Улоги: John Travolta, Michelle Pfeiffer, Christopher Walken, Queen Latifah…
Жанр: Комедија / Драма / Мјузикл
Година на производство: 2007 |
Лично и персонално
Ова е приказна за Jessica Savitch, новинарка која во 1970тата е прогласена за Прв женски спикер. Sally/Tally е под заштита на Warren во телевизијата во Miami и наскоро станува нова ѕвезда на телевизија. И покрај нејзината љубов кон Warren, таа прифаќа голема шанса и се сели во Philadelphia, а тој ја следи со цел да ја спаси од нејзината несигурна кариера за сметка на неговата сопствена – како што таа се истакнува така тој тоне.
Оригинален наслов: Up Close & Personal
Режија: Jon Avnet
Сценарио: Joan Didion и John Gregory Dunne
Улоги: Robert Redford, Michelle Pfeiffer, Stockard Channing, Joe Mantegna…
Жанр: Драма / Романса
Година на производство: 1996
|
Враќањето на Бетмен
Во овој втор филм за Бетмен, мегаломанскиот бизнисмен Max Shreck прави завера против градот Gotham City. Него му се приклучува Пингвинот, деформиран и душевно растроен човек, напуштен после раѓањето од неговите почитувани родители. Тој поддржан од хулигани и вистински пингвини, се кандидира за градоначалник. Дејството понатаму го замрсува Selena, секретарката која се претвара во Жена мачка – насилничка со измешани мотиви. И се разбира тука е Бетмен да ги реши рабоптите.
Оригинален наслов: Batman Returns
Режија: Tim Burton
Сценарио: Daniel Waters
Улоги: Michael Keaton, Danny DeVito, Michelle Pfeiffer, Christopher Walken…
Жанр: SFI / Акција
Година на производство: 1992
|
Есмералда доаѓа ноќе
Приказна за Есмералда, шармантна сестра која е обвинета дека извршила прељуба, од страна на Педро, еден од нејзините 5 сопрузи. Секогаш насмеана, Есмералда ја водат во полициската станица каде ја испрашува судијата Víctor Solorio. Стариот бесен човек не може да им поверува на тврдењата на Есмералда дека била вљубена во сите нејзини сопрузи
Оригинален наслов: De noche vienes, Esmeralda
Режија: Jaime Humberto Hermosillo
Сценарио: Jaime Humberto Hermosillo
Улоги: María Rojo, Claudio Obregón, Martha Navarro, Antonio Crestani…
Жанр: Комедија
Година на производство: 1997
|
Убивајќи ја г-ѓа Тингл
Leanne е матурантка која целиот свој живот ги правела вистинските работи. Таа е одлична по сите предмети, секаде е најдобра, но сака да биде уште подобра за да добие стипендија за на Харвард. Единствено не е добра по историја, а историја и предава г-ѓа Тингл која не ја сака Leanne баш најмногу. Leanne ќе се обиде да спаси еден другар кој препишувал, а г-ѓа Тингл тоа ќе го види. Професорката ги става на тест пријателствата, довербата, лојалноста на учениците со нејзините интригантни ментални игри, но децата, како и секогаш, ќе смислат нешто.
Оригинален наслов: Teaching Mrs.Tingle
Режија: Kevin Williamson
Сценарио: Kevin Williamson
Улоги: Helen Mirren, Katie Holmes, Jeffrey Tambor, Barry Watson…
Жанр: Комедија / Трилер
Година на производство: 1999
|
Ме сака, не ме сака
Angelique, млада студентка, е вљубена во еден оженет доктор. Приказната ни е дадена од два агли, од нејзиниот, но и од неговиот, веројатно реалниот агол. Таa сака да го натера него да ја напушти неговата бремена жена, но тој не се појавува на состаноците, ниту на закажаното патување во Florence. Kога нештата ќе се видат од еден друг агол, се изгледа сосема поинаку…
Оригинален наслов: À la folie… pas du tout
Режија: Laetitia Colombani
Сценарио: Laetitia Colombani
Улоги: Audrey Tautou, Samuel Le Bihan, Isabelle Carré, Clément Sibony…
Жанр: Романса / Трилер
Година на производство: 2002
|
Долу перископот
Tom Dodge е еден од најдобрите во морнарицата, и покрај неговата неконвенционалност. Но за да стане капетан на свој сопствен брод, мора да се докаже во симулирана борба. Dodge е шокиран кога ќе биде поставен да управува стар и ‘рѓосан брод, а неговиот екипаж го сочинуваат најголемите пропалитети од морнарицата. И за да биде неволјата уште поголема, неговиот ривал адмиралот Graham ќе биде поставен за главен на противничкиот тим. Dodge мора да докаже дека тој и неговиот тим можат да одговорат на предизвикот.
Оригинален наслов: Down periscope
Режија: David S. Ward
Сценарио: Hugh Wilson
Улоги: Kelsey Grammer, Lauren Holly, Rob Schneider, Harry Dean Stanton…
Жанр: Комедија
Година на производство: 1996
Потемнет сјај
Греј Еванс е филмска ѕвезда која се губи во реалноста не можејќи да се навикне на статусот на познато лице и е зависен од романтични фантазии за идеална љубов и едноставен живот. Со неговиот брак за славната и убава актерка Миа тие влегуваат во светот на љубомората по само една година и тој мора да побегне. Сега како фотограф со неговата војаеристичка природа ќе го носат во една видео продавница каде тој станува опседнат од сопругата на сопственикот Џејн за која смета дека е идеалната љубов. Греј влегува во уште поголема илузија кога Џејн ќе ја спореди со неговата поранешна девојка Шана. Неговиот живот станува уште понеподнослив кога еден опсесивен обожавател ше почне да го следи. Фантазијата ан Греј едноставно го носи кон себеуништување.
Оригинален наслов: I Love Your Work
Режија: Adam Goldberg
Улоги: Marisa Coughlan, Judy Greer, Jared Harris, Joshua Jackson, Jason Lee, Giovanni Ribisi, Christina Ricci
Три
Џек и Џенифер патуваат со пријателите Ричардс и Меги.Мануел и го фрлил окото на Џенифер. Како сплет на околности, доаѓа до пожар на бродот и тој потонува. Изгледа дека само Мануел и Џенифер се преживеани, но, тука е и Џек.
Оригинален наслов – Three
Режија- Stewart Raffill
Главни улоги-Billy Zane, Kelly Brook
|
Дони Браско
Џо Пистон е полицаец, којшто ќе се инфилтрира во мафијата со цел да собере докази против организираниот криминал. Неговата мисија ќе биде загрозена од неговата се поголема вовлеченост во животот на мафијата и неговото пријателство со еден од мафијашите. Пистон ќе се најде пред дилема. Ако ја напушти мафијата, неговиот пријател ќе страда.
Оригинален наслов: Donnie Brasco
Режија: Mike Newell
Улоги: Al Pacino, Johnny Depp, Michael Madsen, Bruno Kirby, James Russo
Година на производство: 1997
|
Маската на Зоро
Дејството се одвива во 1821 година, кога мексиканскиот народ се обидува да се ослободи од шпанската војска. Тогаш се појавува херојот со маска, Зоро, кој се бори за ослободувањето од тираните и при секој свој акт го остава својот препознатлив знак, буквата З.
Оригинален наслов: The Mask of Zorro
Режија: Martin Campbell, Glenn Randall Jr
Улоги: Antonio Banderas, Anthony Hopkins, Stuart Wilson, Catherine Zeta-Jones, Matt Letscher
Награди: ALMA Award
Година на производство: 1998
|
Страшен филм

Група тинејџери вклучувајќи ја Синди Кампбел и Боби Принц случајно ќе удрат човек возејќи. Сега се заглавени од еден маскиран убиец. Синди мора да го преживее колежот што го видела во многу филмови претходно.
Оригинален наслов – Scary movie
Режија - Keenen Ivory Wayans
Главни улоги - Carmen Electra, Dave Sheridan |
П.Ш.Е.
Тројца тинејџери се држени како заложници 36 дена во нивната локална продавница. Четворица терористи опремени со видео камера ја присилуваат тв мрежа да ги прикаже нивните моќни и вознемирувачки снимки со закана за смрт за нивните заложници. По нивното наводно ослоодување еден од младите повоторно е заложник овојпат на медиумите. Оригинален наслов: S.F.W.Режија: Jefery LevyУлоги:Stephen Dorff, Reese Witherspoon, Jake Busey, Joey Lauren Adams, Pamela Gidley |
Шест
Двајца политички затвореници се приведени за време на бруталниот диктатор кој му го одзема на светот слободата, приватноста и слободата на избор. Полициски сили го следат секој чекор на граѓаните и ако се спротистават на тоа ќе бидат убиени. Двајцата ќе сретнат мистериозен странец кој ќе им дозволи да побегнат од затворот. Сите тројца мора да создадат алијанса со најбараниот бегалец и лидерот на движењето на отпорот бидејќи судбината на светот зависи од нивниот успех или неуспех. Режија:Кевин Даунс Улоги:Кевин Даунс, Стивен Болдвин, Дејвид Вајт, Џефри Дин Морган и Ерик Робертс.
|
Фрида
Филм за животот на Фрида Кало што го дели со својот соработник и сопруг Диего Ривера за нејзината контраверзна афера со Леон Троцки.
Оригинален наслов – Frida
Режија – Jylie Taymor
Главни улоги – Salma Hayek, Mia Maestro
|
Помагајќи и на Сара
Откако ќе ги добие документите за развод, убавата Сара Мур се здружува со адвокатот Џој Тајлер за да ја свртат ситуацијата на своја страна и да добијат 10 милиони долари од целиот процес.
Оригинален наслов: Serving Sara
Режија: Reginald Hudlin
Улоги: Matthew Perry, Elizabeth Hurley, Bruce Campbell, Amy Adams, Vincent Pastore
Година на производство: 2002 |
Добредојдовте во Колинвуд
Кога познатиот крадец Козимо ќе го добие совршениот план за најголемата кражба тој решава дека треба итно да излезе од затвор. Можност како оваа ретко доаѓа во Колинвуд и тој е решен да излезе. Единствено што на Козимо му треба е лажно момче кое ќе го замени во затвор за 15 илјади долари. Неговата девојка Росалинд мора да пронајде некого, но всушност никој не сака да го преземе на себе криминалот на Козимо. Но, има пет момци кои сакаат да влезат во оваа акција. Оригинален наслов: Welcome to CollinwoodРежија: Anthony Russo, Joe Russo, Joseph RussoУлоги: William H. Macy, Isaiah Washington, Sam Rockwell, Michael Jeter, Luis Guzman |
Лет околу кукавичкото гнездо
McMurphy е човек со неколку обвиненија кој ќе се најде во затвор уште еднаш. Овој пат тој е обвинет за силување на малолетничка откако излегло дека неговата девојка имала 15, а не 18 години како што се претставувала. Со намера да не остане во затворот, тој ги убедува стражарите дека е луд и дека му е потребна психијатриска грижа, па го праѓаат во психијатриска болница. Тој се вклопува застрашувачки добро и неговата поинаква точка на гледање на работите всушност почнува да предизвикува напредок кај некои од пациентите. Сестрата Ratched пак станува негов личен проблем бидејќи неговата отпорност кон болничките рутини навистина и оди на нерви.
Оригинален наслов: One Flew Over the Cuckoo’s Nest
Режија: Milos Forman
Сценарио: Lawrence Hauben и Bo Goldman
Улоги: Jack Nicholson, Louise Fletcher, William Redfield, Michael Berryman…
Жанр: Драма
Година на производство: 1975
|
Сјаење
Jack Torrance наоѓа работа како чувар во еден хотел, на планините на Колорадо. Местото е затворено во зимскиот период и Torrance и неговото семејство се единствените жители на хотелот извесно време. Кога снежните бури ќе го затворат семејството на Torrance во хотелот, синот Danny, кој е видовит и има телепатска моќ, открива дека хотелот е опседнат од духови кои полека го полудуваат Jack. Кога Jack ќе се сретне со духот на господин Grady, поранешниот чувар на хотелот кој си ја убил жената и двете ќерки работите почнуваат да стануваат навистина лоши.
Оригинален наслов: The shinning
Режија: Stanley Kubrick
Сценарио: Stanley Kubrick
Улоги: Jack Nicholson, Shelley Duvall, Danny Lloyd…
Жанр: Хорор / Трилер
Година на производство: 1980
|
Подобро не може да биде
Невољите и турбуленциите на компулсивниот писател Melvin Udall. Откако неговиот сосед хомосексуалец е брутално претепан, него му е доверена грижата околу кучето на соседот, а згора на тоа, тука е и тешкиот однос со една келнерка. Понатаму следи едно викенд патување на овие три индивидуи на кое тие ќе го дознаат вистинското на значење на “светлата страна на животот”
Оригинален наслов: As good as it gets
Режија: James L. Brooks
Сценарио: Mark Andrus
Улоги: Jack Nicholson, Helen Hunt, Greg Kinnear, Cuba Gooding Jr.…
Жанр: Комедија / Драма / Романса
Година на производство: 1997
|
Контрола на гневот
Dave Buznik е многу вреден бизнисмен со мирољубива природа кој најчесто дава се од себе, на секое поле. Но едно мало недоразбирање во авионот го прави животот на Dave кошмар и единствен начин за да избегне затвор е да побара помош од психијатарот Buddy Rydell и да се приклучи на една чудна програма за контрола на гневот. Неконвенционалните методи на докторот се на граница со психотичност, но можат добро да влијаат на Dave, кој секогаш во својот живот бил оној кој се повлекува на страна.
Оригинален наслов: Anger Management
Режија: Peter Segal
Сценарио: David Dorfman
Улоги: Jack Nicholson, Adam Sandler, Marisa Tomei, Luis Guzmán…
Жанр: Комедија / Драма / Романса
Година на производство: 2003
|
Љубовта нема правила
63 годишниот Harry излегува со девојки кои имаат една третина од годините кои тој ги има. Тој оди со својата нова убавица Marin во нејзината куќа на плажата каде неочекувано се појавува нејзината мајка Erica. Откако ќе доживее срцев удар при обидот да води љубов со Marin, Harry останува заробен во куќата со Erica која сега е негова медицинска сестра и единствено друштво. Како што тие безволно се запознаваат, нешто почнува да се јавува меѓу нив, но тука е и младиот доктор кој го лекува, на кого му се допаѓа Erica, така што Harry има сериозна конкуренција.
Оригинален наслов: Something’s Gotta Give
Режија: Nancy Meyers
Сценарио: Nancy Meyers
Улоги: Jack Nicholson, Diane Keaton, Keanu Reeves, Amanda Peet, Frances McDormand…
Жанр: Комедија / Романса / Драма
Година на производство: 2003
Успокоените
Billy Costigan, млад човек од расипничка фамилија, сака да се искупи за својата фамилија со приклучување кон полицијата. Полицијата гледа во него совршен шпион, па го испраќаат тајно меѓу Ирската мафија. Истовремено Frank Costello, шефот на мафијата, го испраќа Colin Sullivan да стане полицаец со спротивни намери. Сега обајцата се плеткаат со своите двојни животи, опседнувајќи се со пронаоѓањето на другиот шпион, како што прават и Costello and Queenan, главните на обете страни.
Оригинален наслов: The Departed
Режија: Martin Scorsese
Сценарио: William Monahan
Улоги: Leonardo DiCaprio, Matt Damon, Jack Nicholson, Mark Wahlberg, Martin Sheen …
Жанр: Криминален / Драма / Трилер
Година на производство: 2006 |
Падот на црниот сокол
Вистинита приказна за вклучувањето на САД во Сомалија, за време на една хуманитарна мисија. На 3 октомври, 1993, војници од САД влегуваат во Сомалија на вежба која треба да трае помалку од еден час. Мисијата преминува во целовечерна битка против илјадници вооружани Сомалијци. 18 Американски војници и повеќе од 500 Сомалијци се убиени како резултат на овој конфликт
Оригинален наслов: Black Hawk Down
Режија: Ridley Scott
Сценарио: Ken Nolan
Улоги: Josh Hartnett, Ewan McGregor, Tom Sizemore, Eric Bana, William Fichtner
Жанр: Акција / Авантура / Драма
Година на производство: 2001
|
Лоши девојки
Cady Heron е девојка родена во Африка и порасната покрај родители зоолози која се запишува во гимназија во Чикаго. Таа почнува да мисли дека само згодните успеваат, а тоа и го потврдува групата на Пластичните, женската алфа група на која и се приклучува. Групата ја води Regina, а кога Cady ќе открие дека Regina планира да ја уништи, решава целото училиште да го сврти против неа и да ја тргне од тронот. Cady наскоро открива дека станала злобна девојка.
Оригинален наслов: Mean girls
Режија: Mark Waters
Сценарио: Tina Fey
Улоги: Lindsay Lohan, Rachel McAdams, Tina Fey, Tim Meadows, Amy Poehler
Жанр: Тинејџерска комедија
Година на производство: 2004
|
Есен во Њујорк
Will Keane има 48 години, сопственик на успешен ресторан, лик од насловната страна на New York магазинот и голем плејбој со фобија од врзување, а Charlotte Fielding е уметник, жена со слободна волја, има помалку од половина од неговите години и живее со баба и. Тој очекува брза и лесна романса, но после првата вечер заедно таа му кажува за нејзината болест… Поради тоа, но и поради љубовта која се раѓа меѓу нив, работите стануваат многу посуштински…
Оригинален наслов: Autumn in New York
Режија: Joan Chen
Сценарио: Allison Burnett
Улоги: Richard Gere, Winona Ryder, Anthony LaPaglia, Elaine Stritch, Vera Farmiga
Жанр: Романса / Драма
Година на производство: 2000
|
Доаѓа есен дуњо моја
Некаде во Банат, 1914 година… Тројца млади луѓе, Сава, Петрашин и Марија растат заедно. Започнува Првата светска војна и Сава и Петрашин се мобилизирани во војската на Австро- Унгарија. По враќањето се остварува љубов меѓу Сава и Марија, но сиромаштијата во која Сава живее ги разделува. Тој заминува да работи кај богатите Гранфилдови и во него се вљубува Аница, нивна богата наследничка. Нејзиниот татко изнесува предлог кој може да го промени животот на Сава, да се ожени со неа и да стане наследник на целото нивно богатство. Несигурен во својата одлука Сава се враќа во родното село со желба да се види со Марија. Но Марија умрела рагајќи негово дете кое сега живее со Петришин кој никогаш не успеал да ја искаже својата љубов кон Марија. Двајцата другари се наоѓаат изгубени во сопствените животи покрај малата Дуња, која обајцата ја сметаат за свое дете..
Оригинален наслов: Jesen stiže dunjo moja
Режија: Ljubisa Samardzic
Сценарио: Djorde Milosavljević, Tonči Matulić
Улоги: Branislav Trifunović, Marija Karan, Kalina Kovačević, Igor Djordjević, Marta Uzelac, Predrag Ejdus, Rada Djuričin, Vojislav Brajović, Boris Milivojević
Жанр: Романса / Драма
Година на производство: 2004
|
Сон за несоничарот
Frankie е девојка која работи во кафе бар, пати од несоница, има неверојатно високи стандарди кога се работи за љубовта и се плаши дека никогаш нема да го запознае човекот на нејзиниот живот. Но се појавува David кој по се изгледа дека е идеалниот, нејзиниот свет го обојува со многу бои, но излегува дека има девојка. Одеднаш Frankie решава да се пресели во Лос Анџелес, заедно со нејзината другарка, со цел да го убеди David дека тој е нејзиниот принц.
Оригинален наслов: Dream For an Insomniac
Режија: Tiffanie DeBartolo
Сценарио: Tiffanie DeBartolo
Улоги: Ione Skye, Jennifer Aniston, Mackenzie Astin, Michael Landes, Robert Kelker-Kelly
Жанр: Романса / Комедија
Година на производство: 1998
|
Љубовни писма
Смртта на поранешната љубовница на амбициозниот сенатор Andrew Laddсо со која одржувал контакт само преку писма, го тера да почне да размислува на неговата врска со неа, повторно препрочитувајќи ги писмата, но и на целиот негов живот. Тие се запознале уште како деца, а неговата силна политичка амбиција го натерала да ја остави додека таа избрала да биде уметник со борбен дух.
Оригинален наслов: Love letters
Режија: Stanley Donen
Сценарио: A.R. Gurney
Улоги: Laura Linney, Steven Weber, Emily Hampshire
Жанр: Драма
Година на производство: 1998
|
Блејд
Blade, пола вампир, пола човек, заедно со својот пријател Whistler се бори со вампирите. Тој е роден од жена која била касната од вампир така што ја поседува сета нивна сила, но не и нивните слабости. Тој може и слободно да шета преку ден бидејќи сончевата светлина воопшто не му пречи. Со помош на новиот сојузник, докторката Karen Jenson, Blade ќе се обиде да го спречи злобниот Frost да го ослободи Кралот на крвта.
Оригинален наслов: Blade
Режија: Stephen Norrington
Сценарио: David S. Goyer
Улоги: Wesley Snipes, Stephen Dorff, Kris Kristofferson, N’Bushe Wright
Жанр: Акција / Хорор / Трилер
Година на производство: 1998
|
Две зачадени двоцевки
Група прекршители на законот во Лондон, ги спојува коинциденција, кога еден млад човек ќе изгуби пола милион долари на покер. Тој има една недела време да дојде до парите или ќе остане без неколку прсти. Очаен, заедно со своите пријатели решава да ограби банда која и самата планира да изврши грабеж на едни фармери со марихуана. Едноставно, освен дрогата дилерите си ги бараат и своите пари, исто така и крадците, така што момциве имаат три групи на криминалци кои ги гонат.
Оригинален наслов: Lock, Stock and Two Smoking Barrels
Режија: Guy Ritchie
Сценарио: Guy Ritchie
Улоги: Jason Flemyng, Dexter Fletcher, Nick Moran, Jason Statham, Steven MacKintosh
Жанр: Комедија / Крими / Трилер
Година на производство: 1998
|
Тројца за танго
Oscar е архитект и тој заедно со својот партнер Peter се борат со еден друг пар за еден проект, а Charles Newman е бизнисменот кој го финансира. Peter е хомосексуалец и откако ќе ги фатат со Oscar во незгодна поза, сите ќе поверуваат дека и Oscar е хомосексуалец. Charles пак има љубовница која сега е опкружена од неколку машки пријатели, па тој му ја доверува на Oscar, како хомосексуалец, да се грижи за неа. Oscar сфаќа што се случува но продолжува да се преправа бидејќи знае дека вистината може да му ја загрози работата, се додека еден репортер не го открие. Згора на се Oscar се вљубува во Amy…
Оригинален наслов: Three To Tango
Режија: Damon Santostefano
Сценарио: Rodney Patrick Vaccaro
Улоги: Matthew Perry, Neve Campbell, Dylan McDermott, Oliver Platt, Cylk Cozart
Жанр: Комедија / Романса
Година на производство: 1999 |
Случаен шпион
Buck е продавач на спортска опрема со соништа за авантури и акции. Неговото справување со двајца крадци на накоит, го води кај еден приватен детектив кој го убедува дека е изгубениот син на еден голем бизнисмен. Наскоро Buck се наоѓа на пат кон Кореа и Турција, вмешувајќи се во интернационална завера која се врти околу лекот за еден вирус на белите дробови
Оригинален наслов: The Accidental Spy
Режија: Teddy Chan
Сценарио: Ivy Ho
Улоги: Jackie Chan, Eric Tsang, Vivian Hsu, Kim Min-jeong, Wu Hsing Kuo
Жанр: Комедија / Акција
Година на производство: 2001
|
Осум жени
Еден индустријалист е убиен во својот дом, во едно село во Франција. Осуммина се осомничени, сите жени: неговата жена Gaby; нивните две ќерки Suzon and Catherine; невротичната сестра на Gaby, Augustine, и нејзината мајка; сестрата на човекот, Pierrette; готвачката Chanel, и новата слугинка Louise. Телефонот не функционира, колата е уништена и куќата е изолирана поради снежното невреме. Затоа им преостанува на овие 8 жени да откријат кој е тој што им го наместил ова убиство истовремено откривајќи ги и своите тајни и лоши особини како алчноста, љубомората, прељубата, кражбите, скриените љубови, бременоста, и веројатно дури и убиството.
Оригинален наслов: 8 Femmes
Режија: François Ozon
Сценарио: François Ozon
Улоги: Virginie Ledoyen, Danielle Darrieux, Firmine Richard, Catherine Deneuve, Emmanuelle Beart
Жанр: Комедија / Мјузикл
Година на производство: 2002 |
|
|
|
|
|