
Семејни интриги/Lazos de familia

По една сообраќајна несреќа, која за среќа поминува без последици, се запознаваат Елена и Едуардо. И покрај разликата во години меѓу нив, тие почнуваат љубовна врска, која не ја одобрува семејството на Едуардо.
За Едуардо е заинтересирана и ќерката на Елена, Камила, што доведува до конфликт меѓу нив две. Заради ова Елена ја прекинува врската.
На полусестрата на Елена, Ирис, не и се допаѓа тоа што Камила го превзела Едуардо од Елена. Таа е заљубена во Педро, човекот кој се грижи за ранчот на Елена.
Елена и Педро имале тајна љубовна врска кога биле млади, во време кога Елена била мажена за друг човек. Педро не знае дека тој е всушност таткото на Камила, а сеуште е тајно вљубен во Елена.
По раскинувањето на врската со Едуардо, Елена стапува во врска со Мигуел. Но, дознава дека нејзината ќерка е болна од леукемија и дека може да ја спаси само пресадување на коскена срж од компатибилен донатор.
Поради ова таа му открива на Педро дека тој е таткото на Камила и решаваат да имаат уште едно дете со цел тоа да биде донатор за Камила.
Млади бунтовници/Rebelde way
![]()
Група на тинејџери се здружува заедно во едно елитно средно училиште и иако се различни по карактер и социјален статус, сите тие заедно формираат музичка група која ќе стане популарна во нивната околина. Со групата, доаѓаат и сплетките, љубомората, зависта, но и љубовта како составен дел од тинејџерскиот живот.
Серијата стекнала голема популарност во Арегнтина и во соседните земји на Јужна Америка, а со тоа и групата „Rebelde way“ станала популарна во музичките кругови.
Серија која се разликува од досегашните по својата динамичност, интересно сценарио и хумористични елементи.
Аргентинска серија од 149 епизоди, производство 2002.
Улоги: Фелипе Кокомбо како Мануел Агире, Камила Бордонаба како Марица Реј, Бенџамин Рохас како Пабло Бустаманте, Лусијана Лупилато како Миа Колучи.
Пристаниште на чудата/Porto Dos Milagres

Сторија за двајца браќа, Феликс и Бартоломео Гереро. Првиот, ситен крадец, а вториот, богаташ кој живее во Бразил.
Интригите започнуваат со претскажувањето на една гатачка дека Феликс еден ден ќе стане крал, но затоа мора да ја одземе круната која е во рацете на брат му. Во тоа сесрдно му помага Адма, неговата девојка и помошник.
Пријатели/Friends
Оваа мега популарна хумористична серија досега доби 44 номинации за наградата Еми, а го следи животот на 6 млади луѓе, 3 мажи и 3 жени, кои честопати се собираат во еден од нивните станови или во блиското кафуле.
Млади луѓе кои ги ценат вистинските вредности кај другите. Приказна за љубовта, сексот, кариерата и оние периоди во животот во кои ни се чини дека е се можно. Сторија за бескрајната потрага по сериозна љубовна врска и вистинска посветеност.
Но и стравот од љубовта и посветеноста. Серијата Пријатели, сепак, најмногу го следи пријателството – и тоа она вистинското, затоа што кога сте млади и осамени во големиот град, единствено што ви преостанува е пријателството.
1. Еми награда за најдобро режирана серија – 1996
2. Еми награда за најдобра споредна женска улога- 1998
3. Еми награда за најдобра машка улога како специјален гостин – 2000
Сопранови/The Sopranos

Оваа серија за многумина претставува вистинско ремек дело на модерната поп култура.
Сценаристот Дејвид Чејс секоја епизода ја разработува совршено прецизно и успешно го оживува ликот на Тони Сопрано, еден од кумовите на мафијата во Норт Џерси. Комбинирајќи ги драмските елементи со комична иронија, сценаристот Чејс ги доловува апсурдите на модерна Америка, како и реалниот и многу суров мафијашки живот во предградијата.
Серијата е делумно сатирична под влијание на класичните гангстерски филмови и делумно темна студија на едно италијанско семејство од Њу Џерси и е прв телевизиски проект во кое е прикажан семејниот живот на еден современ мафијаш.
Соочен со сериозни семејни проблеми и средновечна криза, Тони Сопрано бара професионална помош од психијатар. Тоа мора да го крие од останатите членови на мафијата, кои веќе коваат заговор за негово елиминирање. Серијата вклучува елементи на црн хумор комбинирани со агресивни ситуации и екстремно насилство.
Награди:
- Еми награда за најдобра машка улога – 2001
- Еми награда за најдобра женска улога – 2001
- Еми награда за најдобра шминка – 2001
- Еми награда за најдобро сценарио – 2001
- Еми награда за најдобра машка улога – 2002
- Еми награда за најдобра женска улога – 2002
- Еми награда за најдобра споредна машка улога – 2002
Скриени страсти/pasion de gavilanes

Браќата на Либија Рејес, Хуан, Оскар и Франко се сомневаат дека нивната малолетна сестра има врска со повозрасен маж. Тоа го потврдува семесјтвото на дона Ортенсија кое работи на пазарот.
Браќата на Либија, го запознаваат мажот со кого таа има врска, тоа е господинот Бернардо Елизондо богат и истакнат човек во крајот. Во исто време неговата сопруга прославува роденден на кој присуствува неговото семејство и пријателите. Не знаејќи дека Бернардо е оженет човек кај браќата настанува расправија дали да се оправда врската на Либија.
Хуан е против тоа, но Оскар го разубедува имајќи ги на ум неговите пари. Додека пак Франко постојано отсуствува од дома и се гледа со пеачката Росарио, чија врска исто така не ја одобруваат неговите браќа.
Бернардо Елизондо и кажува на домашната слугинка Ева дека неговиот брак со сопругата Габриела е завршен.
Виза за во иднина/Viza za buducnost
Серијата на хумористичен начин ги отсликува проблемите на жителите на повоено Сараево како и нивната желба да продолжат со нормален тек на животот.
Главен лик во серијата е Милан, поранешен дипломат кој по извесно време се враќа во Сараево и се соочува со огромните промени во општеството.
Улогите ги толкуваат: Љубиша Самарџиќ, Нада Ѓуревска, Јасна Диклиќ, Адмир Гламочак, Мелиха Факиќ, Мирват Куриќ, Зоран Бечиќ и други.
Лудиот град/Spin City

Мајкл Флаерти е заменик на градоначалникот. Тој обично е смирен и добро организиран кога се работи за неговиот професионален живот, меѓутоа понекогаш „полудува“ кога се работи за приватниот живот.
Серијата своето деби го имаше во 1996 година, а снимана е во Њујорк.
Има добиено повеќе награди, вклучувајќи ја наградата „Златен глобус“ и номинацијата за „Еми“ на актерот Мајкл Џ. Фокс.



