![]()
Alexandre Borges

Алехандре Борхес ја почнал работата во театарот Сантос (Сао Паоло). Татко му е познатиот режисер Тана Кореа. На 18-годишна возраст влегува во театарската група на Сао Паоло со проекти со кои настапувал низ театрите во Европа. Прва професионална улога му била во делото „Вељос Маринхеирос“ од бразилскиот автор Хорхе Амадо.
Потоа работел на проектите „Танчерска група“ на Гуимарес Роза, „Пантелеј и посетителите“ на Марио Варгас Љоса и „Г-нот претседател“ на Мугел Астуриас. Тој е прекрасен актер. Наградата „Мамбембе“ за актер на годината ја добива во 1993 и тогаш ја запознава Хулија Лемерц која е неговата денешна сопруга. Театарот бил забавен за него, но тој сакал да се испроба како актер на телевизиските серии.
Пред да се појави во минисеријата на ТВ Глобо во „Несреќа на Антарите“ како отец Педро Пауло и како љубовник на главната протагонистка на минисеријата „Дебелка“, учествува во две серии од друга продукциска куќа. Покрај телевизијата, Алехандре Борхес напоредно работи и на театарската кариера на која и посветил повеќе од 10 години од животот.
Сега телевизиските гледачи ја имаат таа привилегија да се запознаат со неговата извонредна работа.
Reynaldo Gianecchini

Малку по малку, Реиналдо Џанекини докажува дека нема само совршено лице и убаво тело. Откако со години работел како меѓународен модел, чија кариера беше многу успешна, Џани, (тоа е неговиот прекар) се појавува и на телевизија со телевизисдката серија на Мануел Карлос „Семејни интриги“.
Откако бил многу критикуван, се обидел да се докаже како квалитетен актер кој е способен да глуми секаков тип на улога. Причината за почетните проблеми во актерската кариера се должеше на неговата главна улога во серијата. Џани бил одбран, помеѓу мнхопгу други актери, да го глуми Еду, главниот лик во серијата во која глумат ѕвезди од типот на Вера Фишер, Тони Рамос, Мариета Северо и Хозе Мајер.
Реиналдо морал да им докаже дека ја заслужува улогата. Со многу напор, работа и талент Џани успеал да ги освои гледачите. Денеска публиката го сака и критичарите му го признаваат талентот, па слободно може да се каже дека е вистински актер. Ја прекинува манекенската кариера и сега работи на неговата втора серија „Ќерки на мама“. Таму го глуми Рикардо, момче кое сонува да биде актер. Покрај силна актерска екипа, тој повторно ги покажал квалитетите.
Потекнува од провинцијата Сан Пабло. Студирал право на католичкиот универзитет и е убеден дека актерството е она што навистина го сака. Учествувал во театарски претстави, а последно остварување му е снимањето на филмот „Авасаладора“ каде и бил партнер на актерката Џована Антонели (Жаде).
Giovanna Antonelli

Родена е на 18 март 1976 година во Рио де Жанеиро, Бразил, како дете на поранешна оперска пејачка и танчер. Со глума во аматерски театар и снимање реклами почнала на 11 години, со што всушност и започнала нејзината кариера како актер.
Првото појавување на телевизија го имала во 1991 година во теле-новелата „Tropicaliente“.
Пресвртница во нејзината кариера и се случува во 2000-та година. Тогаш игра проститутка во серијата „Lazos de Familia“ и го има своето деби на филмското платно во „Bossa Nova“, за што добива одлични критики.
Како врв во нејзината досегашна кариера и се смета улогата на Жаде во серијата „Клон“.
Vera Fischer

Вера Фишер е родена во државата Санта Катарина на југот на Бразил во 1951 год, поточно во градот Блуменау полн со германски емигранти. На 18 години е одбрана за мис на Бразил и учествувала на конкурсот на мис Универзум во САД. По враќањето во земјата решила да живее во Рио де Жанеиро каде ја започнува кариерата на фотомодел и кино актерка.
Почнува во ГЛОБО телевизија со серијата „Магично огледало“. Веднаш потоа се опробува и во театарот со делото „Лос Десинибидос“ од Роберто Атхајде. ВО 1982 ја добива наградата Ер Франс за најдобра актерка за работата на филмот „Љубов, моја голема љубов“ на Валтер Хуго Кури. Фишер вели дека и било многу тешко да се ослободи од имиџот на секс сѕмбол на почетокот на кариерата, се додека не го докажала нејзиниот талент за драма.
Доказ за тоа се нејзините актерски и кинематографски остварувања на делата на еден од најважните бразилски драматурски Нелсон Родригез. Играла главни улоги во сериите на Ред глобо како на пример, „Мандала“, (мини серија), „Риачо Доче“, „Агосто“, и театарската претстава „Магбет“.
Фишер учествувала на повеќе од 10 теливизиски серии и мини серии. Вера има син од бракот со актерот Фелипе Камарго. Нејзината ќерка Рафаела е од нејзиниот прв брак со актерот Пери Салес и ги следи чекорите на мајка и.
Courteney Cox Arquette

Родена е на 15 јуни 1964 година во Бирмингем, Алабама. По завршувањето на средното образование се сели во Њујорк и добива работа како модел во модната агенција на „Форд“. Наскоро почнува да се појавува во голем број реклами, видео спотови и списанија.
Пред настапувањето во „Пријатели“ најпозната улога која ја има е ликот на Лаурен, девојката на Алекс Китон (Мајкл Џ. Фокс), во серијата „Семејни врски“.
Забележителен настап има и во видео спотот на Брус Спринстин за песната „Танцување во темнината“.
Во 1995 година влегла во листата „50 најубави луѓе на светот“ на списанието „Пипл“.
Има неколку позабележителни настапи во неколку серии и филмови, но најпозната е по улогата на Моника во „Пријатели“.
Живее во Лос Анџелес, заедно се нејзиниот сопруг Дејвид Аркет.
Jennifer Aniston

Родена е на 11 февруари 1969 година во Шерман Оукс, Калифорнија. Нејзините родители се по потекло Грци и една година од детството поминува во Грција. Кога имала 9 години родителите и се разведуваат и таа со мајка и се преселува во Њујорк.
Започнува да глуми како дете, а средно образование завршува во Средното училиште за драмски уметности во Њујорк во 1987-ма година. После тоа решава да не оди на факултет и работи како келнерка, а повремено настапува на Бродвеј.
Подоцна решава да замине во Калифорнија и таму да ја гради својата актерска кариера. Таму се запознава со Метју Пери, а настапува во неколку телевизиски серии.
На првото тестирање за серијата „Пријатели“, продуцентите мислеле да и ја доделат улогата на Моника. На нејзино инсистирање ја добила улогата на Рејчел, но и било побарано да ослаби 15 килограми, што и направила.
По големиот успех на серијата „Пријатели“ станува една од најпознатите актерки на светот.
Моментално живее во Лос Анџелес, заедно со нејзиниот сопруг, актерот Бред Пит.
Интернет линкови:
www.jenniferaniston.com
IMDB
Matt LeBlanc

Роден е на 25 јули 1967 година во Њутон, Масачусетс. По завршувањето на средното образование се преселува во Њујорк каде снима реклами за „Левис“, „Кока-кола“ и „Доритос“.
Во 1988-ма година решава да си ја проба среќата како актер и почнува да посетува часови за глума.
По една година добива улога во телевизиската серија „ТВ 101“ и се преселува во Лос Анџелес. Има остварено неколклу забележителни улоги во ТВ серии и на филм.
Моментално живее во Лос Анџелес.
Lisa Kudrow

Родена е на 10 јули 1963 година во Енцино, Калифорнија. Татко и е физичар, а мајка и агент во туристичка агенција.
Дипломирала биологија на Висар колеџот во Њујорк и првиот план и бил да се врати во Лос Анџелес и да работи заедно со татко и како научен истражувач.
Меѓутоа, комичарот Џон Лович, кој бил другар на најзиниот брат, ја убедил да си ја проба среќата во шоу бизнисот.
Првиот настап на телевизија го има во улогата на келнерката Урсула во ТВ серијата „Луда по тебе“, благодарение на што ја добива и улогата во „Пријатели“.
По првата сезона на „Пријатели“ во 1995 година била номинирана за награда „Еми“ за споредна женска улога во комедија, меѓутоа морала да почека до 1998 година, кога конечно ја добива наградата.
Има остварено неколку забележителни улоги и на филмското платно.
Заедно со сопругот Мајкл и синот Џулиан живее во Лос Анџелес.
Matthew Perry

Роден е на 19 август 1969 година во Виљемстаун, Масачусетс но, растел во Онтарио, Канада, каде станал еден од најдобрите тенисери во јуниорска конкуренција.
Кога имал 15 години се преселува во Њујорк за да живее со неговиот татко кој бил актер и почнува се повеќе да се интересира за глумата, макар што не го запоставил ни тенисот.
По завршувањето на средното образование започнал да студира на Универзитетот во Калифорнија но, набрзо добива улога во ТВ серијата „Boys Will Be Boys“, по што решава да ги напушти студиите.
Позабележителни улоги на филмското платно има остварено во „Serving Sara“ со Елизабет Харли и „The Whole Nine Yards“ со Брус Вилис.
Номиниран е за наградата „Еми“ за улогата во серијата „The West Wing“.
Моментално живее во Лос Анџелес.



