Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
По купчето несреќи кои им се случија на каскадерите, повредите не ја заобиколија ни главната ѕвезда на филмот Даниел Крег, кој двапати заврши во болница.
На снимањето на Quantum Of Solace, Даниел Крег за две недели заврши двапати во болница. Неделава, актерот го пресече прстот, па поради обилното крварење со брза помош бил однесен до болница.
Една недела пред најновата повреда, Крег го исече лицето и заработи осум конци.
Се чини дека снимањето на Quantum е до толку малерозно, што некои почнаа да го нарекуваат “Проколнатиот Бонд”.
На снимањето во Италија двајца каскадери сериозно настрадаа, а во Панама Крег си ги наби ребрата.
Filed under: Актери, Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Поранешниот менаџер на групата “Wham” Симон Бел ги привршува подготовките за планираното снимање на документарен филм.
Менаџерот планира во целост да ги открие и најситните детали од животите на Мајкл и Ендру, покажувајќи што всушност се случувало позади сцената, за време на турнеите.
Планираното сценарио најде на критики од страна на Џорџ Мајкл, а бидејќи не му се допаднала идејата своите тајни да ги сподели со публиката, побарал да има контрола врз снимањето и сценариото.
За реализација на документарниот филм ќе бидат потрошени околу 50 милиони долари.
Filed under: Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Студиото “Columbia Pictures” ќе сними филмска адаптација на стриповите за Штрумфовите, кои се родени пред околу 5 децении. “Штрумфовите се меѓу…
… омилените анимирани ликови во светот, и еден од најпознатите брендови во таа бранша.
Многу сме среќни што на новите генерации ќе им ги претставиме сите ликови од Штрумфовите”, соопшти претставникот на студиото Doug Belgrad.
Продуцентот Jordan Kerner, изјавил дека сеуште е неизвесно кога филмот (комбинација на анимации и играни содржини) ќе се појави во кино салите.
Peter Culliford, првиот стрип за Штрумфовите го објави 1958 година, а пошироката јавност се запозна со Штрумфовите преку цртаните филмови кои од 1981 до 1990-та се прикажуваа на телевизијата NBC.
Скоро да нема држава во светот, која во споменатиот период не ги прикажуваше популарните цртани со Штрумфовите.

Filed under: Новости | Tagged: слика, текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Пандата По е најмрзливото животно меѓу сите што живеат во Долината на мирот.Во близина живеат моќни непријатели кои секој ден ги тероризираат животните , а тие го чекаат денот кога ќе се исполни пророштвото според кое треба да се појави Избраниот и да ги спаси.Тој ќе биде препознаен по еден необичен белег.Сите го чекаат големиот ден , но никој од нив не може ниту да замисли дека тоа е токму мрзливата панда.Без разлика колку им се допаѓа тоа или не , тие мора да ја прифатат џиновската мечка како свој спасител , а за таа цел треба да и помогнат да стане кунг фу борец , пред да биде премногу доцна.
Режија : Џон Стивенсон , Марк Озборн
Сценарио : Ден Хармон , Роб Шраб
Улоги : Џек Блек , Дастин Хофман , Анџелина Џоли , Џеки Чен , Луси Луи
Filed under: Нови филмови | Tagged: слика, текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Гај Ричи ќе биде режисер на новиот филм за прославениот литературен детектив Шерлок Холмс, кој треба да се појави во кината во 2010 година, во продукција на Ворнер.
Според пишувањето на магазинот “Вараети”, Гај Ричи моментално го преработува сценариото на Тони Пекам. Деталите за заплетот на филмот засега се чуваат во тајност, но продуцентот Лајонел Виграм најави дека новиот Шерлок ќе биде склон кон авантурите и ќе се служи со своите боксерски и мечувалски способности.
Според замислата на гај Ричи, новиот Шерлок ќе биде современ, со повеќе смисла за хумор и помалку типично-британска намрштеност, но и понатаму ќе пуши луле.
Досега, повеќе актери го играа ликот од романот на сер Артур Конан на големото платно, а меѓу нив и Мајкл Кејн, Кристофер Ли и Питер Кушинг.
Filed under: Актери, Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Откако по премиерата на најновото продолжение славниот археолог од “Кралството на кристалниот череп” го предизвика гневот на Русите поради искривување историски факти, сега ги разлути и Перуанците помешувајќи ја нивната земја со Мексико.
Перуанската публика остана збунета и лута по премиерата поради тоа што Мексиканецот Панчо Вила зборува на јазикот на Инките, но и поради конфузијата околу декорот и местата на кои се одвива дејството во филмот.
Публиката во Перу е збунета и од воините на Маите кои говорат на јазикот на Андите, како и од славната пирамида Чичен Ица во Мексико која во филмот е сместена во перуанска Амазонија.
Историчарот Мануел Бурга на шега вели дека режисерите Стивен Спилберг и Џорџ Лукас очигледно немале добри советници за историја и географија.
“Има многу грешни податоци, иако се работи за фикција која ќе нанесе голема штета. Не е можно да се помеша Амазонија со шумата Јукатан во Мексико”, коментира Бурга.
Историчарот Теодоро Ампе не е изненаден од грешките и пропустите:
“За просечните Американци се што е од другата страна на нивната јужна граница, од Мексико понатаму е едно исто. За нив нема разлика помеѓу Мексико, Гватемала, Боливија и Перу”.
Перуанците негодуваат и што пораката на филмот е дека за достигнувањата на латиноамериканските цивилизации се заслужни вонземјаните, а не древните генерации на локалните жители.
Filed under: Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Ѕвездите од филмот “Ocean’s Thirteen” повторно ќе глумат заедно. Oвој пат – во комедијата “Burn After Reading.”
Браќата Коен, кои се автори на проектот, улогите на ѕвездите ги сместија во фитнес сала, каде што ќе налетаат на диск кој ги содржи мемоарите на еден CIA агент и решаваат да го продадат.
За браќата Коен ова е прв филм по “No country for old men” кој беше добитник на награда од филмската академија.
Покрај Бред Пит и Џорџ Клуни, во фимлот се појавуваат уште и Џон Малкович и Тилда Свинтон.
Filed under: Актери, Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
|
Поранешен полицаец кој сега заработува како чистач во криминални сцени, без да знае учествува во покривање на неговата последна работа.
Режија – Renny Harlin
Главни улоги – Samuel L. Jackson, Ed Harris, Eva Mendes |
Filed under: Филмови на телевизија | Tagged: слика, текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
|
Бил Гудман е богат и познат психијатар кој живее двоен живот. Има семејство во Њујорк, а во исто време има друга жена во Лондон. Покрај неговите долги „службени патувања“ и двете семејства живејат среќно без да знаат за другите. За жал, двете жени ќе дознаат една за друга и здружено ќе работат против човекот кој ги усреќувал.
Режија – Rachel Talalay
Главни улоги – Peter Gallagher, Jacquelline Bennett |
Filed under: Филмови на телевизија | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Веројатно им здосади забрзаниот живот во Америка, па решија да се преселат во мирната француска провинција. А, голем имот таму е многу скапа играчка.
Анџелина Џоли и Бред Пит ќе платат 70 милиони долари за замок на Француската ривиера, каде сакаат да живеат со своите деца. Тие ја избраа палатата со 35 соби, откако претходно разгледаа повеќе од сто други имоти. Заедно со питорескното здание, во купопродажниот договор се вклучени лозје, јаз со вода, езеро и шума. Местото е толку изолирано, што двојката Бранџелина го виде при еден прелет со хеликоптер.
Замокот се вика Шато Миравал и се наоѓа покрај малото село Брињол, во областа Прованса. Славните актери се надеваат дека ќе може да се вселат до почетокот на август, за да го дочекаат во новата куќа раѓањето на своето петто и на шестото дете, односно на близнаците што треба да ги роди Анџелина до 19 август.
- Има езеро, базен, фонтани, полиња за јавање пони, и сето тоа е опкружено со голема шума, така што никој не ќе може да ги слика непоканет нив или децата. Двајцата се многу возбудени, бидејќи повеќе од една година бараа место на Ривиерата, и ова е токму она што им треба. За најмногу три месеци целосно ќе се преселат и таму ќе живеат постојано – вели еден нивен пријател.
Џоли реши близнаците да ги роди во Франција, како знак на почит за својата баба, Французинка, и за мајката Маршелин Бертран, која почина лани.
Filed under: Актери, Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Во своите најдобри денови Југославија создаде брендови кои ќе имаат значење уште долго по нејзиното распаѓање. Еден од таквите е „Професорот Балтазар“, кој сега доживеа технолошко усовршување.
Проектот за дигитализација на најпознатиот цртан филм произведен во поранешна Југославија, „Професор Балтазар“ е успешно завршен. Со тоа легендарниот професор подготвено ќе ги пречека новите медиумски предизвици, кои ги поставува дигиталното време.
Постапката за обнова на целиот серијал траеше една ипол година и ја спроведоа екперти од „Загреб филм“ и од римската лабораторија „ДВД лаб“. Во целиот тој процес обработени се 720.000 сликички и сега научникот, кој проблемите на своите сограѓани ги решава со размислување и без употреба на сила, подготвен е за средба со новите генерации.
„Професор Балтазар“ е хрватска цртана серија снимана во периодот меѓу 1967 и 1971 година. Има вкупно 57 епизоди во траење од пет до десет минути. Нејзин автор беше аниматорот Златко Гргиќ (1931-1988), а во целиот проект учествуваше екипа од 20-тина луѓе. Серијата забележа голем успех во СФРЈ, и е еден од ретките телевизиски производи од поранешната држава што најде пласман и на европскиот пазар. Во 2005. беше покренато снимање нови продолженија.
Filed under: Новости, серии и емисии на телевизија | Tagged: текст | Leave a Comment »
Posted on Април 20 , 2008 by paloskimarko
Помина многу време откако тој го направи последниот обид во овој жанр. А, бидејќи сè што ќе сними има значење, дури и обичната најава дека пронашол приказна за филм, е одлична вест.
Денеска е добар ден - Ридли Скот обелодени дека се враќа во кралството на научната-фантастика. Не станува збор за соработка со Џемс Камерон во врска со нов „Осми патник“, на што со децении се надеваат фановите на жанрот, но сепак ова е важна новост, иако Скот не кажува никакви детали за проектот.
- Ја чекав вистинската книга 20 години и конечно ја дочекав. Сè уште нема да го откријам нејзиниот наслов, меѓутоа сценариото најверојатно ќе го напишам во текот на следниот месец. Дефинитивно, тоа ќе биде мојот следен филм по „Нотингем“, филмот за Робин Худ (со Расел Кроу), што го работам сега во Англија - изјави режисерот.
Поминаа 26 години од неговиот филм „Блејд ранер“, кој заедно со „Осмиот патник“ го етаблираше како еден од најголемите визионери на научната-фантастика во историјата на филмот.
Filed under: Актери, Новости | Tagged: текст | Leave a Comment »